Симфониски оркестар на РТВ Словенија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија (словенечки: Simfonični orkester RTV Slovenija) е радиооркестар основан од 1956 година, во рамките на Радиотелевизија Словенија[1].

Во 50-годишниот период од својата работа, придонел за афирмација и дискографско архивирање на голем дел од композиции на словенечките композитори, како и современи композитори од целиот свет[2].

Главниот репертоар и активност на Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија е одржување и создавање на концертни снимки во кои се прикажани врвни професионални квалитети. Оркестарот има богат репертоар кој се движи од барок до модерна симфониска музика, опера, ораториум, кантати, сценска и филмска музика, при што особено се негува и словенечката музичка литература.

Во изминатите години оркестарот привлече големо внимание на концертите настапи и низ музичките центри во светот[3].

Главни диригенти[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]