Симулакрум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Симулакрум (латински: simulacrum - „сличност“) — поим за копија која нема оригинал во стварноста, т.е. семиотички знак кој не означува ништо што навистина постои. Првично се користел за уметнички слики или споменици, особено со Бога. На крајот од 19 век овој збор доби и уште едно значење и тоа – слика без веродостојност и квалитет од оригиналот. Фолозофот Фредрик Џејмесон го предлага фотореализмот како пример за уметничкиот симулакрум, каде уметничката слика некогаш е создадена со копирање на фотографија што и самата е копија од оригиналот. Други уметнички форми кои се занимаваат со симулакрумот се Trompe l'oeil и поп арт, (кој е уметнички правец настанат во 60-тите години од 20-иот век, како современа уметност која корени наоѓа во дадаизмот и кубизмот. Во превод би значело популарна уметност, парафразирајќи ја сеприсутната култура од секојдевието, во облик на уметност,менувајќи ги границите на дотогаш небитното и баналното.) Италијанскиот неореализам и Францускиот нов бран (што најмногу се користи во изработката на филмовите).

Симулакрумот во филозофијата[уреди | уреди извор]

Симулакрумот долго време е предмет на разговор помеѓу филозофите. Во неговиот софист (дијалог) Платон раскажува за два вида на правење на слики. Првиот вид е веродостојна репродукција – обид за успешно и прецизно да се копира оригиналот. Вториот вид е со искривување на вистината да се направи копија која ќе наличува на оригиналот. Тој даде пример за една скулптура која беше видно зголемена на врвот за луѓето да имаат можност за подобро да ја погледнат скулптурата. Доколку тие ја погледнат скулптурата од височина ќе приметат дека таа не е како што треба. Примерот од визуелните уметности на филозофите му служи како метафора и некои од нив се стремат да ја искриват вистината до тој степен што може да се примети само од правиот агол. Ниче споменува за концептот на симулакрумот (но не го користи терминот симулакрум) во „Самракот на идолите“, каде укажува дека најголем дел од филозофите, со игнорирање на доверливиот придонес на смислата и со избегнување на конструкцијата на јазикот, доаѓаат до изобличена копија на реалноста. Модернистичкиот француски социјален теоретичар Жан Бодријар пак кажува дека симулакрумот не е копија на реалноста, туку симулакрумот станува нова вистина – хиперреална. Платон зборуваше само за два вида на репродукција: веродостоен и со искривување на вистината, Бодријар зборува за четири:

  1. обична рефлексија на реалноста
  2. Искривување на реалноста
  3. Преправање на реалноста (кога не постои модел)
  4. Симулакрум (кој нема никаква врска со никаква реалност т.е. е нереално)

Бодријар пример за симулакрум го користи концептот на Господ. Концептот на Бодријар како и на Ниче симулакрумот го претставуваат како негативен, но има некои модернистички филозофи кои гледаат различно за истата тема како Жил Делузе, и укажува како симулакрумот е пат по кој прифатените (морални) идеали или „привилегирани позиции“ може да бидат „изменети“ или „предизвикани“. Делузе симулакрумот го дефинира како: Во тие системи каде различното се поврзува со различно со помош на самота различност. Што е најважно е дека во тие системи не можеме да сретнеме поранешен идентитет и меѓусебна сличност.

Симулакрумот во литературата, филмот и телевизијата[уреди | уреди извор]

Вештачки почетоци[уреди | уреди извор]

Симулакрумот најчесто се наоѓа во шпекулантската фантастика. Примери на симулакруми во смисла на вештачки, натприродни или научно создадени „живи“ суштества се среќаваат во делата на Овидиј – Галатеја (Galatea) (од античко-грчката збирка на дела Метаморфозис), „средновековниот камен џин“ од еврејскиот фолклор, суштеството „Франкенштајн“(Frankenstein) од истоимената книга на Мери Шели, „Пинокио“ на Карло Колоди, РУР (RUR) (од овој поим произлезе и зборот робот) на Карел Чапек и „Метрополис“(Metropolis) на Фриц Ланг . Исто така овде може да ги сместиме и несаканите илузии создадени од вонземен живот во делото „Соларис“(Solaris) на Станислав Лем.

Работата на Филип К. Дик[уреди | уреди извор]

Филозофски ориентираниот американски писател на научна фантстика Филип К. Дик кој опседнато ги обработува темите на вештачки (нереални) животни средини, настани, артифакти, организми па дури и светови. Овие примери исто така содржат и некои вештачки луѓе и животни во неговите дела „Дали луѓето-роботи сонуваат за електрични овци?“( Do Androids Dream of Electric Sheep?), „Електричната мравка“(The Electric Ant) и „Ние можеме да те направиме“(We Can Build You), главниот јунак во „Електричната мравка“ и пореалистични, лажните антикварни ликови претставени во неговата „Човекот во високиот замок“ (The Man in the High Castle) (во која се исто така се раскажува за лажен свет и измислени суштества).Во умесно замислениот наслов на „Симулакрумот“ се раскажува за корумпирана влада која е предводена од претседател-симулакрум (по прецизно од човек-робот).

Симулирани животни средини[уреди | уреди извор]

На страна отсекогаш-популарните гледишта на визуелната реалност разни светови се наоѓаат во многубројни сајберпанкови (како на пр. „Матрицата“(The Matrix)) физички создадениглумци“ се појавуваат во безброј дела. Мајкл Кричтон ја обработи оваа тема неколкупати, во „Западниот свет“(Westworld), и во телевизиската серија „Паркот Јура“(Jurassic Park). Другу примери може да се наведат во световите на „Шоуто на Труман“(The Truman Show), Њујорк Синегдоха (Synecdoche, New York) и во Еквилибриум (Equilibrium), и голем број други примери. (Во серијата на „Шоуто на Труман“(The Truman Show), Труман има симулиран живот исто така, кој е создаден од страна на бројни медиумски професионалци и тој го живее без да знае дека е во тв-шоу. Ова несомнено го прави Труман, несекојдневен човек кој по природа е вештачки создаден)

Друга употреба на симулакрумот[уреди | уреди извор]

Во некои приказни симулакрумот се користи како предмет, како што е романот на Оскар ВајлдСликата на Дориан Греј“ (The Picture of Dorian Gray). Терминот исто така се појавува и во делата „Лолита“ (Lolita) на Владимир Набоков и Соларис (Solaris) на Станислав Лем. Друга не толку важна употреба на терминот симулакрум се појавува во литературата во Аргентинскиот писател на дваесеттиот век Жорж Луис Боргес, во неговата расказ „Кружечки рушевини“ (The Circular Ruins). „Човекот кој сонува“ во приказната е пример на симулакрум, исто така тој претставува и смртен човек. Во контекст на значајниот магичен реализам во „кружечки рушевини“, симулакрумот може да создаде негов нов симулакрум.

Симулакрумот и забавата[уреди | уреди извор]

Симулакрумот за забава вклучува донесување на некои историски настани или некои копии на значајни настани, како што се Колонискиот Вилјамсбург и Ајфеловата кула, исто така се наоѓа и во некои градби од фантастички или културни идеи, како што е Земјата на фантазии (Fantasyland) што се наоѓа во Магичното кралство на компанијата Волт Дизни. Некои од забавните паркови на Волт Дизни филозофите ги сметаат како највисоко ниво на забавувачки симулакрум, според Бодријар ништо не е копија на копија во Светскиот парк на Волт Дизни, „втората моќ на симулакрумот“. Во 1975 италијанскиот писател Умберто Еко ја даде својата поддршка на парковите на Дизни и рече „ние не уживаме само во совршената имитација, ние исто така уживаме во убедувањето дека имитацијата го достигна нејзиниот врв и после тоа реалноста секогаш ќе биде со помала вредност“. За некои ова претставува актуелна грижа. Истпитувајќи го влијанието на симулакрумот во парковите на Дизни, поточно шумскиот парк на Дизни, екологистката Џенифер Сајфер и антропологистот Ерик Хигс покажаа загриженост дека „границата помеѓу реалноста и фантазијата ќе стане толку тенка што фантазијата ќе има поголема морална вредност“. Умберто Еко исто така коментира за коментаторството во спортот, самиот спорт и спортот кој се гледа на телевизија. Прво, тука се спортистите кои учествуваат во спортот, потоа гледачите приближно го осеќаат тоа, потоа коментаторот кој глуми дека и тој учествува во спортот. Визуелниот артист Пол Мекарти создаде создаде тридименсионална монтажа која се заснова на филмот Пиратите од Карибите (Pirates of the Caribbean), и создаде и симулакрум за паркот, кои се наоѓаат во самата монтажа.

Карикатурата како симулакрум[уреди | уреди извор]

Интересен пример за симулакрумот претставува карикатурата. Кога уметникот црта линија, кога ја црта толку прецизно за да наликува на вистинска личност, чкртаниците неможат лесно да се разберат од гледачот, но исто така и тие можат многу лесно да наликуваат на некој човек, а не на некој предмет. Сепак, карикатуристот ќе претера во некои одредени фацијални одлики многу поразлично од реалноста, и гледачот иако ќе има малку потешкотии сепак ќе ја препознае личноста, па дури и карикатурата многу да има избегано од реалните слични одлики на личноста.

Симулакрумот во иконографијата[уреди | уреди извор]

Бир го користи терминот „симулакрум“ да ја означи формацијата на знак или иконска слика било да е иконографска или аниконографска во големото поле на уметноста Танка и во Тантричката будистичка иконографија. На пример, иконографско претставување на образување на облаците во танка има значење дека божеството ја заштитува светата планина што во нормалното општество може да се смета како симулакрум на едно „заштитничко небо“ на Аштамангала. Сфаќањето на религиските слики во нормалниот живот претставува културно однесување и може да послужи за доказ на природена креативена духовна служба на искуството за ендемската животна средина во човечката психологија.