Симеон Шутев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симеон Шутев
Роден 21 ноември 1942
Штип,  Кралство Југославија
Починал 8 август 2015
Куманово, Македонија Македонија
Занимање спортист

Симеон Шутев (Крушево, 21 ноември 1942 - Куманово, 8 август 2015) — македонски спортист, првиот Македонски олимпиец кој настапил на олимписките игри во Мексико.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шутев е роден во Штип на 21 ноември 1942 година. Уште како мал му пристапил на боречкиот клуб Балканец и за кратко време се нашол во составот на тогашната југословенска репрезентација во борење-слободен стил и во 1968 година заминал на Олимписките игри во Мексико Сити. На неа се пласирал од шестото до деветтото место. Тогаш загубил од еден Турски борач и од еден Бугарин, кои во неговата категорија подоцна станале и светски шампиони. Причина за несупехот делумно е и во тоа што настапил во повисоката категорија, до 57 килограми, наместо во неговата. По Олимпијадата, Шутев ја продолжил клупската кариера во Гавриловиќ од Петриња и Железничар од Белград, каде што, истовремено, ја посетувал и тренерската школа. Првиот медал за Македонија Шутев го донел од Балканијадата во Атина. Со победата над тогашниот актуелен балкански шампион, Романецот Кристеа, Шутев се закитил со бронза.[1] По завршувањето на боречката кариера бил и тренер во Балканец. Покрај борењето, тој бил и спортски риболовец. Биле и добар пливач и гимнастичар. Бил и боречки судија. Последните години од животот ги поминал во Куманово, каде и починал на 8 август 2015 година. почива во родниот Штип.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. БОРЕЊЕ - СИМЕОН ШУТЕВ ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА; Во историјата како прв македонски олимпиец. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-09.
  2. ИН МЕМОРИАМ: Почина освојувачот на првиот олимписки медал за Македонија – Симеон Шутев