Симеон Туманов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симеон Туманов
Роден19 февруари 1943(1943-02-19)(81 г.)
с. Куклиш, струмичко
Држава Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Род Копнена војска на Југословенската народна армија
Служба1965–1992
Чингенерал-мајор
Одликувања

Симеон Туманов — воен генерал на Југословенската народна армија (ЈНА).

Животопис[уреди | уреди извор]

Симеон Туманов е роден на 19 февруари 1943 година во струмичкото село Куклиш.

Воената кариера во ЈНА ја започнува во 1965 година по завршувањето на Воената академија на Копнената војска на ЈНА — насока пешадија — со офицерскиот чин потпоручник. Од 1965 до 1969 година е командир на вод. Во 1968 година е унапреден во чин поручник. Од 1969 до 1971 година е командир на чета. Во 1971 година е унапреден во чин капетан. Од 1971 до 1972 година е референт за безбедност во воен округ. Од 1972 до 1977 година е оперативец во контраразузнавачка група. Во 1973 година вонредно е унапреден во чин капетан 1. класа.

Во 1977 година ја завршува Командно-штабната академија на Копнената војска на ЈНА со темата „Откривање на тајни воени податоци во средствата за јавно информирање“. Истата година е унапреден во чин мајор. Од 1977 до 1980 година е началник за безбедност во 4. пешадиска дивизија. Од 1980 до 1985 година е помошник на началникот на одделението за безбедност во 7. армија. Во 1981 година предвремено е унапреден во чин потполковник. Од 1985 до 1988 година е началник на одделението за безбедност во 7. армија. Во 1986 година ја завршува Командно-штабната школа за оператика на Копнената војска на ЈНА со темата „Работа на органите за безбедност во услови на вонредна состојба и непосредна воена опасност“. Истата година е унапреден во чин полковник.

Од 1988 до 1991 година е началник на првото одделение на Управата за безбедност во Сојузниот секретаријат за народна одбрана (ССНО). Од 1991 до 1992 година е заменик-началник на Управата за безбедност во ССНО. Во 1991 година е унапреден во чин генерал-мајор. Генералскиот чин го брани со темата „Ангажирање на контраразузнавачки групи на Управата за безбедност на Сојузниот секретаријат за народна одбрана и оперативно-стратегиските групации во војна“. Во 1992 година три месеци е помошник на заменик-началникот на Генералштабот за соработка со мировните сили на Обединетите нации.

Одликувања[уреди | уреди извор]

  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден за воени заслуги со сребрени мечеви (1969)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда (1974)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден за воени заслуги со златни мечеви (1979)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на трудот со златен венец (1984)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на Народната армија со златна ѕвезда (1989)

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис (2017). Стојановски, Мирослав (уред.). Воени генерали од Mакедонија (1943–2017) (второ. изд.). Скопје: Клуб на генерали на Република Македонија. стр. 344–347.