Симеон Наумоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симеон Наумоски
Роден 1941
Прилеп, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање технолог
стопанственик

Симеон Наумоски (роден во 1941 година во Прилеп) — македонски технолог и стопанственик.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Симеон Наумоски дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1964 година. Работел во повеќе фабрики, а бил и професор во средно училиште. Во 1974 година станал генерален директор на фабриката „Витаминка“ во Прилеп, која под негово водство од мала, неразвиена и задолжена работилница за црвен пипер прераснала во модерен капацитет на прехранбената индустрија на Македонија, присутна низ светот. Бил пратеник во Собранието на РМ во 2 мандата, член на делегацијата на Македонија и функционер во Собранието на СФРЈ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Наумоски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1028. Text "series " ignored (help)