Симеон Гугуловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Симеон Гугуловски
Албумски портрет на Гугуловски
Биографски податоци
Роден(а)1 јуни 1941(1941-06-01)
Солун, Егејска Македонија
ПотеклоГаличник
Починал(а)13 август 1995(1995-08-13) (воз. 54 г.)
Софија, Бугарија
Жанровиопера, родољубива и забавна музика
Занимањапејач
Период на активност1950-ти - 1995
Издавачиразни

Симеон Гугуловски (1 јуни 1941-13 август 1995) — истакнат македонски оперски тенор и пејач на македонски родољубиви и револуционерни песни. Изведувал и разни забавни мелодии.

Рана младост и образование[уреди | уреди извор]

Роден е во 1941 г. во Солун, Егејска Македонија во галичко печалбарско семејство, кое потоа се сели во Скопје. Основното по завршувањето на основното образование, се запишал на Средното музичко улилиште, а навечер настапувал во познатата кафеана „Кермес[1].

Студии и кариера во Словенија[уреди | уреди извор]

По третата година музичко образование, Гугуловски заминал во Љубљана, каде го завшршил одделот за пеење кај проф. Ксенија Новшак-Ховшка. Студирал на Педагошкиот факултет во Љубљана и работел како професор по музичко образование. Потоа, се запишал на Музичката академија во истиот град, магистрирајќи кај професорките Ксенија Новшак и Ондина Ота – Класинц.

Од 1973 до 1977 г. бил солист во Љубљанската опера.[2]

Работа во Македонија[уреди | уреди извор]

Во 1978 г. преминува во Операта при МНТ во Скопје и таму работи до крајот на животот.

Починал во Софија, на 13 август 1995 г.

Улоги[уреди | уреди извор]

Омот од албум на Гугуловски од 1966 г. во издание на „Југотон

Гугуловски исполнил преку 20 главни и многу споредни улоги во својата кариера од светското и домашното оперско творештво. Покрај настапите на разни места во Југославија, гостуваал во повеќе странски земји како Бугарија, Чешка, Италија, Германија, Полска и Словачка.

Ова е поопширен список на улогите кои ги толкувал:[1]

Странски[уреди | уреди извор]

Македонски[уреди | уреди извор]

Вокалистички настапи[уреди | уреди извор]

Гугуловски настапувал и како вокалист на разни ораториуми:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Симеон Гугулоски“. Македонска нација. 7 април 2010. конс. 27 август 2015. 
  2. Гугуловски, Симеон“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 414. (2009). Скопје: МАНУ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]