Силво Плут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Силво Плут
Роден29 мај 1968(1968-05-29)
Ново Место, СР Словенија, СФРЈ
Починал28 април 2007(2007-04-28) (возр. 38)
Љубљана, Словенија
ПричинаСамоубиство

Силво Плут (29 мај 1968 - 28 април 2007) ― словенечки сериски убиец. Тој е осуден на 30 години лежење во затвор[1] за убиството на Љубица Улчар и обидот за убиство на нејзиниот сопруг Миро Улчар на 24 февруари 2006 година. Плут бил ослободен на условна казна по 13 години затвор за силување и убиство на поранешната соученичка Марјанца Матјашич во 1990 година. Тој извршил самоубиство во својата затворска ќелија на 28 април 2007 година [2]

Злосторства[уреди | уреди извор]

Плут ја убил својата прва жртва, Марјанца Матјашич, на 16 февруари 1990 година во Словенија.[3]:27 Тој бил осуден на 15 години затвор. Во 2003 година, тој бил пуштен на условна слобода.

Тој ја убил својата втора жртва, 25-годишната Јасмина Ѓошиќ, на 18 ноември 2004 година, во Алексинац, Србија.[3]:28 Тој побегнал во Словенија, која одбила екстрадиција и покрај налогот од Србија.

Тој ја убил својата трета жртва Љубица Улчар (25) на 24 февруари 2006 година, ранувајќи го и нејзиниот сопруг Миро Улчар.[3]:28

На 2 октомври 2006 година, судот во Љубљана го осудил Плут на 30 години затвор за убиство на Улчар.[1] На 26 април 2007 година, судот во Ниш, Србија го осудил во отсуство на 40 години затвор за убиство на Ѓошиќ.[3]:29

Тој извршил самоубиство во неговата затворска ќелија во Љубљана на 28 април 2007 година,[4] со предозирање со апчиња за спиење.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]