Силвија Балестра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Силвија Балестра
Silvia Ballestra
Роден(а)1969
Порто Сан Џорџо
НационалностИталијанка

Силвија Балестра (италијански: Silvia Ballestra ), ( 1969, Порто Сан Џорџо) - италијанска писателка[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Балестра е родена во Порто Сан Џорџо во 1969 година[2].

Нејзината творечка работа била откриена од критичарот и писател Пјер Виторио Тондели по што започнала од 1990 година да објавува романи, раскази и есеи .

Нејзина дебитантска книга била „Роденден на Игуана“ и била преведена на повеќе јазици[3].

Според романот „Војната на Анто“ било изработено сценариото за филмот „Војна на Анто“ од Рикардо Милани.

Поседува диплома за странски јазици и литература. Преведува од француски и англиски јазик. Соработувала во весникот Л'Унита како и во неколку неколку списанија и други весници[4].

Живее и работи во Милано.

Во 2006 година ја добила наградата „Рапало Карие“ за романот „Ла села Дора“.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Соработка во антологијата, 1990[5].
  • Роденден на Игуана, 1991
  • Војната на Анто, 1992
  • Младоста на Мис НН, 1998 година
  • Втора Дора
  • Ридовите покрај улицата. Патување околу животот на Талио Периколи, 2011
  • Хронично од култот на Пријап, 1990 година
  • Мечки, 1994
  • Нина, Ризоли, 2001
  • Придружник на полноќ, 2002
  • Без мечки, 2003
  • Сè за баба ми, 2005
  • Втората Дора, 2006
  • Против жените низ вековите, 2006
  • Деновите на ротондата. Ризоли, 2009, (Награда Град Фабриано).
  • Моите пријатели, 2014
  • Кристин и град на дами, 2015
  • Близу до земјата, Приказни за животни и мажи кои не ги забораваат кога сè трепери, 2017
  • Новата сезона, 2019

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Silvia Ballestra
  2. „Bio e foto“. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-07-25.
  3. translated into a number of languages..
  4. „Festival Internazionale delle Letterature“. Архивирано од изворникот на 2020-08-13. Посетено на 2020-07-25.
  5. Libri di Silvia Ballestra