Силвана без пари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Силвана без пари
Жанртеленовела
Создадена одОригинална приказна и сценарио
Фиорела Уриосте
Адаптација за Телемундо
Сандра Веласко
УлогиМарица Родригез
Карлос Понсе
Адријана Бараца
Тали Гарсија
Маримар Вега
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди126
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Првично прикажување19 јули 2016
Мрежна страницаtelemundo.com/novelas/silvana-sin-lana

Силвана без пари (Silvana sin lana (или Silvana $in lana)) е американска теленовела напишана од Сандра Веласко за Телемундо. Таа е оригинална приказна од Родриго Бастидас и Елена Муњоз, адаптирана од страна на Сандра Веласко, а како извршен продуцент е Кармен Сесилија Урбанеха. Премиерата ја имаше на 19 јули 2016.[1]

Во серијата настапуваат Марица Родригез во улогата, Карлос Понсе како Мануел, на Силвана и Адријана Бараца како Тринидад.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Се опишува животот на Силвана ''Чивис'' (Марица Родригез), која откако ќе го изгуби сето свое богатство ќе мора да го замени својот луксузен живот со скромен живот во сиромашна населба. Таму го среќава Мануел (Карлос Понсе), дистрибутер на риби и морски плодови на локалниот пазар. Преку многуте случки испреплетени со комични елементи, нивните животи се менуваат и тие се вљубуваат, покрај сите предрасуди кои постојат во нив за луѓето од „високата“, односно оние од „ниската“ социјална класа.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Марица Родригез Силвана „Чивис“ Ривапаласиос де Виласењор
Карлос Понсе Мануел Гајардо
Адријана Бараца Тринидад Алтамирано де Ривапаласиос
Маримар Вега Стела Перез Метичин
Рикардо Абарка Висенте Гајардо
Марсела Гирадо Марија Хозе Виласењор Ривапаласиос
Тали Гарсија Марија Енџи Виласењор Ривапаласиос
Патрисио Гајардо Хорхе Гајардо

Наводи[уреди | уреди извор]