Сиднејски пристанишен мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сиднејски пристанишен мост
A1 Sydney Harbour Bridge.JPG
НосиВозови, возила, пешаци и велосипеди
МинуваПорт Џексон
МестоСиднеј, Австралија
Официјален називSydney Harbour Bridge
Особености
Видлак
Вк. должина1149 м
Ширина49 м
Висина139 м
Најдолг распон503 м
Потпростор49м
Историја
Отворен19 март 1932

Сиднејскиот пристанишен мост (анг: Sydney Harbour Bridge) е една од знаменитостите на Сиднеј, Австралија. Мостот го поврзува Сиднејскиот деловен центар (Central Business District, CBD) со Северниот Брег (North Shore).

Прекарот на мостот е „Закачалка“ (the Coathanger) заради карактеристичниот пристанишен изглед. До 1967 мостот бил највисока градежна конструкција во Сиднеј.

Австралијците доживеале разочарување кога дознале дека мостот Бајоне во САД кој е отворен на 15 ноември 1931 година е за 70 сантиметри подолг од нивниот мост. Иако не е најдолг сепак и понатака е најголемиот мост изграден од челик.

Проектант на мостот бил Сер Ралф Фриман (Ralph Freeman) кој исто така бил и структурен инжинер на мостот Бирченог во Зимбабве па заради тоа мостовите се слични. Распонот на Бирченог мостот изнесува ⅔ од распонот на Сиднејскиот мост.

Ралф Фриман исто така го проектирал и мостот Викториини водопади на Викториините водопади.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Webcams:

Слики:

(Erioll world.svg 33°51′08″S, 151°12′38″E )