Сива зона (филм од 2001)
„Сивата зона“ (англиски: The Grey Zone) – филм на режисерот Тим Блејк Нелсон (Tim Blake Nelson) од 2001 година, кој е автор и на сценариото, кое е засновано на автобиографскиот роман на лекарот Миклош Њисли според кој Нелсон претходно ја напишал истоимената драма. Главните улоги ги играат: Дејвид Аркет (David Arquette), Алан Кордјунер (Allan Corduner), Харви Кајтел (Harvey Keitel), Стив Бушеми (Steve Buscemi), Мира Сорвино (Mira Sorvino), Наташа Лајон (Natasha Lyonne) и Камелија Григорова (Kamelia Grigorova). Филмот бил номиниран за наградата „Златна школка“ на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејствието на филмот се одвива во есента 1944 година, во концентрациониот логор Аушвиц 2, Биркенау, каде меѓу останатите затвореници се наоѓа и една група т.н. Сондеркомандоси, унгарски и полски Евреи кои им служат на нацистите, обезбедувајќи си одредени привилегии. Во групата се наоѓаат лекарот Миклош Њисли (го игра Кордјунер) кој е близок соработник на д-р Јозеф Менгеле, како и младиот Хофман (го игра Аркет), циничниот Абрамовиц (го игра Бушеми) кој верува дека ќе ја преживее војната, разочараниот Макс Шлермер итн. Во женскиот дел на логорот, меѓу затвореничките кои работат во фабриката за муниција, се наоѓаат исцрпената Дина (ја игра Сорвино) која сонува за бегство од логорот и нејзината сопатничка Роза (ја игра Лајон) која се согласува да ѝ помогне на Дина. Во гасната комора, Хофман открива преживеано девојче кое онемело од шокот, па одлучува да ѝ помогне...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 2001 година
- Биографски филмови
- Филнови засновани на романи
- Филмови за холокаустот
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови чие дејствие се одвива во Полска
- Филмови на Тим Блејк Нелсон
- Филмови со Дејвид Аркет
- Филмови со Алан Кордјунер
- Филмови со Наташа Лајон
- Филмови со Камелија Григорова
- Филмови со Мира Сорвино
- Филмови со Стив Бушеми
- Филмови со Харви Кајтел