Прејди на содржината

Сибусисо Зума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сибусисо Зума
Лични податоци
Полно име Сибусисо Вајсман Зума
Роден на 23 јуни 1975(1975-06-23)(50 г.)
Роден во Дурбан, ЈАР
Држава Јужна Африка Јужна Африка
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2015
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995-1998 Африкан Вондерерс 71 (29)
1998-2000 Орландо Пајретс Орландо Пајретс 70 (37)
2000-2005 Копенхаген Копенхаген 145 (40)
2005-2008 Арминија Билефелд Арминија Билефелд 69 (8)
2008-2009 Мамелоди Сандаунс Мамелоди Сандаунс 12 (1)
2009-2010 Норшелан Норшелан 13 (1)
2010-2011 Васко да Гама (ЈАР) 27 (11)
2011-2014 Суперспорт Јунајтед Суперспорт Јунајтед 39 (6)
Репрезентација
1998-2008 Јужна Африка Јужна Африка 67 (13)

Сибусисо Вајсман Зума (роден на 23 јуни 1975 година, во Дурбан) — јужноафрикански поранешен фудбалер, напаѓач.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Зума е роден во Дурбан, Јужноафриканската Република, неговиот прекар за време на фудбалската кариера бил „Zuma the Puma“ (превод на мак. „Зума Пумата“).[1]

Во едно интервју од 2002 година, Зума открил дека неговиот татко никогаш не ја поддржувал многу неговата фудбалска кариера, и никогаш не верувал во него, велејќи му дека никогаш нема да биде доволно добар. Тој, исто така, никогаш не доаѓал на неговите натпревари и секогаш работел наместо тоа.[2] Кога Зума се преселил во Орландо Пајретс во 1998 година, неговиот татко му рекол дека „добрите играчи играат и во репрезентацијата“. Таткото на Зума починал еден ден пред неговиот син да го одигра својот прв натпревар за репрезентацијата на Јужна Африка.

По завршувањето на фудбалската кариера, во 2010 година, тој отворил фондација за помош на мали деца заболени од ХИВ вирусот.[3]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Разноврсен фудбалер, кој можел да игра на неколку различни позиции во нападот: неговата примарна позиција била напаѓач, но освен тоа бил користен и како втор напаѓач, како крило, и на двете страни од теренот, дури и како офанзивен играч за врска. Тој бил познат по својата брзина, техника, дриблинг, силен удар и добра завршница пред голот. Поради овие квалитети, обожавал да игра во ситуации еден на еден, каде имал многу успех минувајќи ги противниците и создавајќи опасни ситуации. Освен постигнувањето голови, тој бил корисен и со давање асистенции за соиграчите. Исто така, за време на кариерата често бил пофален од тренерите и медиумите за неговиот силен карактер, работна етика и способност да биде лидер на екипата.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Зума ја започнал својата кариера во татковината играјќи за екипите од околината на неговиот роден град Мајти Па и Африкан Вондерерс. Откако со вторите го направил своето деби како професионален фудбалер и одиграл три сезони, во 1998 година, тој потпишал за еден од најпознатите јужноафрикански клубови Орландо Пајретс, каде се задржал две години.

На почетокот на новиот милениум, во јануари 2000 година, тој се преселил во Европа потпишувајќи за данскиот клуб Копенхаген.[4] Дебитирал во данското првенство на 11 март 2000, влегувајќи како замена на полувремето во натпреварот на гостувањето кај Олборг кој завршил без голови. Откако оставил добар впечаток во првата полусезона со клубот постигнувајќи 4 гола, во сезоната 2000-2001, тој бил еден од најважните играчи на Копенхаген кој ја освоил титулата во Суперлигата на Данска. Зума одиграл 30 натпревари и постигнал 10 гола во првенството вклучително и еден во Копенхагенското дерби добиено со 3–1 во последното коло од сезоната, кога тој постигна гол со „ножички“, испраќајќи ја топката од волеј во горниот агол надвор од дофатот на голманот на Брондби, Могенс Крог. Голот подоцна бил прогласено за гол на годината во Данска,[5] и бил прогласен за најдобар гол во Суперлигата на Данска за деценијата во декември 2009 година.[6]

Носејќи го дресот на Копенхаген до 2005 година, тој забележал вкупно 188 настапи и 53 гола за клубот и освоил уште две првенствени титули, како и по еден Куп и Суперкуп на Данска. Во јули 2005, Зума потпишал за германската екипа Арминија Билефелд во трансфер вреден 1 милион евра.[7] Дебитирал во Бундеслигата на 6 август, во поразот со 5-2 од Вердер Бремен, во кој го постигнал и својот прв гол со кој го израмнил резултатот на моментални 2-2. И покрај тоа, што неговата статистика во Германија не била толку добра како во Данска, неговите технички квалитети го направиле омилен кај навивачите.[8] Вкупно во Арминија Билефелд поминал три сезони во кои одиграл 72 натпревари и постигнал 10 гола.

Во 2008 година, Зума ја напуштил Германија и се вратил во својата родна земја потпишувајќи со Мамелоди Сандаунс. По само една година во овој клуб се вратил во Данска каде една сезона настапувал за Норшелан, а потоа пак се вратил во Јужна Африка каде и ја завршил својата кариера играјќи за екипите на Васко да Гама и Суперспорт Јунајтед.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Зума бил репрезентативец на Јужна Африка во периодот од 1998 до 2008 година, забележувајќи 67 настапи и 13 гола. Настапил на Светското првенство 2002 како и на четири изданија на Африканскиот куп на нации (2002, 2004, 2006 и 2008).

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Јужна Африка
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
3-10-1998ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка1 – 0Ангола АнголаКвал. за АФКОН 2000-влегол во игра 56'
19-12-1998ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка2 – 1Египет ЕгипетПријателска-влегол во игра 80'
20-2-1999ГаборонеБоцвана Боцвана1 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаКОСАФА куп 1999-влегол во игра 57'
20-6-1999ЛуандаАнгола Ангола2 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 2000-влегол во игра 70'
3-9-2000Поант НоарКонго Конго1 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 2002-заменет 64'
7-10-2000ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 52'
16-12-2000ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка2 – 1Либерија ЛиберијаКвал. за АФКОН 2002-
13-1-2001БелевјуМаврициус Маврициус1 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 2002-заменет 76'
27-1-2001РустенбургЈужна Африка Јужна Африка1 – 0Буркина Фасо Буркина ФасоКвал. за СП 2002-заменет 46'
25-2-2001БлантајерМалави Малави1 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 2002-
24-3-2001Порт ЕлизабетЈужна Африка Јужна Африка3 – 0Маврициус МаврициусКвал. за АФКОН 20021заменет 68'
25-4-2001ПеруџаИталија Италија1 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаПријателска-заменет 90'
5-5-2001ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка2 – 1Зимбабве ЗимбабвеКвал. за СП 2002-
17-6-2001ДурбанЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Конго КонгоКвал. за АФКОН 2002-
1-7-2001УагадагуБуркина Фасо Буркина Фасо1 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 20021
14-7-2001ДурбанЈужна Африка Јужна Африка2 – 0Малави МалавиКвал. за СП 2002-
Вкупно Настапи 67 Голови 13

ФК Копенхаген

[уреди | уреди извор]
2000–2001, 2002–2003, 2003–2004
2003–2004
2001

Норшелан

[уреди | уреди извор]
2009–2010
  1. „De tre største“ (дански). fck.dk. 9 March 2006. Посетено на 15 December 2013.
  2. „Zuma the puma“. www.dfi.dk (дански). Посетено на 2 November 2020.
  3. „F.C. København legenden: Zuma“. F.C. København. 22 March 2013. Посетено на 15 December 2013.
  4. „FCK's history 1999–2000“ (дански). fck.dk. Архивирано од изворникот на 28 October 2007. Посетено на 17 March 2008.
  5. „Season 2000/01 – Winning the championship...at last“. F.C. Copenhagen. Архивирано од изворникот на 15 February 2009. Посетено на 27 October 2007.
  6. „Her er årtusindets bedste mål“ (дански). Tipsbladet. 1 May 2009. Посетено на 15 December 2013.
  7. „Zuma skifter til Arminia Bielefeld“ (дански). 31 мај 2005. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2012. Посетено на 15 декември 2013.
  8. „Interview mit Zuma: "Ball und Fuß müssen befreundet sein" (германски). spiegel.de. 27 февруари 2007. Посетено на 14 јуни 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]