Се случи утре (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Се случи утре (англиски: It happened tomorrow) е американски филм од 1944 година, во режија на Рене Клер кој е и автор на сценариото, заедно со Дадли Николс. Главните улоги ги толкуваат: Дик Пауел, Линда Дарнел, Џек Оуки, Џон Филибер и Едгар Кенеди. Филмот е направен во духот на „slapstick“ и се одликува со ведра и динамична приказна со врвна забава, но без упростување и кокетирање со просечноста. Напротив, филмот има цврста драмска структура, јасно насликани ликови и одлични дијалози при што Клер настојува постојано да ја исмее идејата за неуморното трчање по славата. Оттука, филмот бил многу добро примен како од публиката така и од критиката.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Раскошната прослава на 50-годишнината од бракот меѓу Лари (го игра Пауел) и Силвија Стивенс (ја игра Дарнел) зпаочнува со кавга заради желбата на Лари на семејството да му раскаже за деновите кога бил новинар почетник. Тогаш, тој сонувал да направи успешна кариера на новинар кој секогаш прв ќе ги дознава вестите. Без да помисли дека желбата набрзо ќе му се исполни, Лари се изненадува кога колегата Поп Бенсон (го игра Филибер) му дава весник со вестите кои ќе се случат дури по 24 часа...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]