Се работи за живот и смрт (филм од 1946)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Се работи за живот и смрт (англиски: A Matter of Life and Death) - британски филм од 1946 година, во режија на Мајкл Пауел и Емерик Пресбургер. Главните улоги ги толкуваат: Дејвид Нивен, Ким Хантер, Роберт Кут, итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот во Втората светска војна. Авионот со којшто управува англискиот воен пилот Питер Картер (го игра Нивен) е погоден и незапирливо паѓа кон земјата. Питер се јавува во базата и разговара со Американката Џун (ја игра Хантер), а потоа скока од авионот. Наспроти сите изгледи, тој не само што останува жив, туку паѓа во близина на местото каде живее Џун. Набргу, тој се среќава со неа и меѓу нив се раѓа љубов. За тоа време, на другиот свет настанува паника, зашто во нивната евиденција Питер веќе се водел како мртов. Поради тоа, на земјата пристигнува пратеник од другиот свет, кој го убедува Питер дека треба да биде мртов. Питер бара да му се овозможи жалба, со изговор дека е вљубен и дека има право да живее. Набргу, него зпаочнуваат да го мачат силни главоболки и Џун го запознава со локалниот лекар, кој се нафаќа да му помогне. Една ноќ, додека амбулантното возило е на пат да го земе Питер, со цел да го однесе на операција, неговиот лекар погинува во сообраќајна несреќа и се сели на небото. Таму, тој се пријавува да му биде бранител на Питер во судскиот процес во којшто треба да се одлучува по жалбата на Питер. Истовремено, на земјата трае операцијата на мозокот на Питер при што тој е на границата меѓу животот и смртта. Во судскиот процес, тужител е еден американски борец за независност, кој ги мрази Англичаните, но бранителот на Питер ја повикува Џун за сведок. Таа се согласува да умре, само за да го спаси Питер и тогаш, небесниот суд носи пресуда во полза на Питер, овозможувајќи му да остане во живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]