Прејди на содржината

Сеџаде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сеџаде, Музеј Семберија во Бијељина

Сеџаде[1][2] или саџаде[3][4] — молитвена простирка која главно ја користат муслиманите за време на нивните молитви. Вообичаените димензии му се 100 x 50 см. Бидејќи за време на намазот се клечи и клања, допирајќи ја земјата со челото, во одредено време од денот, без разлика каде е верникот, сеџадето има и практична употреба.

Секој муслиман има свое лично сеџаде, што го користи неколку пати на ден, исклучиво за верски цели.

Сеџадето служи и како украс во куќата, има правоаголен облик.