Сењера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сењерата како знаме на шпанската автономна заедница Каталонија

Сењеравексилолошки и хералдички симбол. Историски, симболот потекнува од Арагонската круна.

Шемата на дизајнот на сењерата е искористена на актуелните знамиња на четири шпански автономни заедници: Арагон, Балеарските Острови, заедницата Валенсија и Каталонија, и е знаме на градот Алгеро во Сардинија, Италија. Шемата е употребена и на државните грбови на Андора и Шпанија, а следствено и на знамињата на овие држави, имајќи предвид дека грбовите на обете држави се претставени на нивните знамиња. Постојат повеќе локални примери во веќе споменатите територии, како и во Франција, каде се појавува сењерата. Покрај сево, сењерата понекогаш се употребува и како ознака за каталонскиот јазик.

Етимолошки, за името сењера генерално се прифаќа дека значи знаме, а поопширно може да се толкува и како ознака или некој сличен израз. Изразот сењера се јавува и како синоним за кралско знаме (на каталонски: Senyal Reial или Senyera; на стар шпански: Señal Real или Señera), иако овој израз вообичаено се однесува на арагонското и каталонското знаме. Исто така, во арагонскиот јазик сењерата обично се нарекува O Sinyal d'Aragón, што во превод значи „знакот на Арагон“.

Примери на употреба[уреди | уреди извор]

Знамиња[уреди | уреди извор]

Знамиња на денешни територии

Историски знамиња

Воени знамиња

Знамиња на политички движења