Прејди на содржината

Сефер-тас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Казанџиски производи, Сефер-тас (Долен ред, десно) - Музеј на Старата скопска чаршија

Сефер-тас е метален сад составен од најмалку два или три дела кој се користел чување и пренесување на храна. Едноделен дел обично се викал склопец.

Функцијата на сефер-тасот била за носење храна. По форма тркалезен, поставен на рамно дно, е составен од три порции. Секоја има мала нога-запче со кое влегува и подобро лежи во порцијата под неа. Над последната порција има полукубест, на врвот зарамнет капак, со чембер подвиткан надолу, со кој влегува во последната порција. На зарамнетата површина на капакот на двете спротивни страни се наоѓаат две месингани мали алки низ кои е проврена правоаголната рачка со краеви свиткани нанадвор. Од бочните страни на капакот, под самите алки, излегуваат два мали клина низ кои се провира месингана прачка. На долниот крај прачката завршува со отвор низ кој се провира алката што е поставена на најдолниот тас, а се прицврстува со подвижна кукачка. Тасот е богато и прецизно украсен..[1]

  1. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 74-77, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]