Сестрата на сонцето
„Сестрата на сонцето“ — македонска народна приказна, запишана од Марко Цепенков.
Изданија на македонски јазик
[уреди | уреди извор]Во 1989 година, приказната била објавена од издавачката куќа „Мисла“, како илустрирана книга (сликовница). Адаптацијата на текстот ја направила Лилјана Угриновска, а авторка на илустрациите е Бисерка Перовска. Сликовницата, со обем од 20 страници и со димензии од 22 сантиметри, е испечатена во печатницата „Просвета“ од Куманово. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 86-15-00114-6.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]За да најде невеста за својот син, еден цар направил базен кој го наполнил со шербет и ги повикал сите девојки. Царскиот син седел неколку дена крај базенот и ги гледал девојките, но не избрал ниту една. Еден ден, кај базенот дошла една баба, која го проколната царскиот син да земе невеста неродена од мајка. Потоа, тој заминал на пат со намера да си најде невеста, но без успех, иако поминал неколку царства. Најпосле, тој отишол во куќата на Сонцето, кое му кажало да скине златно јаболко од градината и така ќе дојде до невеста. Царскиот син скинал три јаболка, а кога го пресекол првото, од него излегла убава девојка која му побарала леб и сол, а бидејќи тој немал, девојката си заминала. По некое време, истото се случило и со второто јаболко. Кога се приближил до градот, тој го пресеокл и третото јаболко, а откако ѝ дал леб и сол на девојката, таа се согласила да му стане жена. Потоа, тој заминал во градот за да земе кочија, а една Еѓупка ја фрлила девојката в бунар и се преоблекла во нејзината облека. Царскиот син ја зел Еѓупката за невеста, а девојката се претворила во златокрила риба. Царскиот син ја уловил рибата и ја зготвил за ручек, а неговата жена ги фрлила коските во огнот, но од едно ковче што го фрлил царскиот син никнала златна јаболкница, иста како во градината на Сонцето. Еѓупката ја пресекла и ја изгорела јаболкницата, но едно дете зело гранка од неа, а во текот на ноќта, гранката се претворила во девојка. Неколку дена, девојката се криела во куќата, но потоа ја открила бабата на детето и ја посвоила, а девојката ја завикале Злата позлатена. За неа дознал царскиот син и ја зел за жена, а Еѓупката жива ја запалил.[2]