Сериозен човек (филм)
„Сериозен човек (A Serious Man)“ | |
---|---|
![]() Официјален постер | |
Режисер | Браќата Коен |
Продуцент | Браќата Коен |
Сценарист | Сценарио: Браќата Коен |
Главни улоги | Мајкл Штулбарг Ричард Кинд Сара Ванер Леник |
Жанр | драма |
Музика | Картел Бурвел |
Дистрибутер | Focus Features |
Премиера | 2 октомври 2009 |
Времетраење | 105 мин. |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $7,000,000 |
Бруто заработка | $8,183,000 |
Сериозен човек (англиски: A Serious Man) е американски драма – филм од 2009 год. Премиерата во САД беше одржана на 2 октомври. Филмот доживеа голем број на позитивни реакции како од публиката така и од критичарите.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Новиот филм на браќата Коен е сместен во 1967 година, а приказната започнува кога Лари Гопник, професор по физика на еден мирен универзитет, дознава дека неговата сопруга Џудит го напушта поради еден од неговите колеги, Си Аблиман бидејќи смета дека тој многу повеќе и одговара од слабиот Лари. Невработениот брат на Лари, Артур, спие на каучот во дневната, син му Дени има проблем со дисциплината во новото училиште, а ќерка Сара му краде секој ден пари од паричникот за да заштеди за толку посакуваната операција на носот. И додека неговата сопруга и нејзиниот љубовник го уредуваат својот нов дом, а братот му станува сè поголем товар, се појавува анонимно напишано на машина, за да ги саботира шансите на Лари за напредок работа. Во исто време една студентка се обидува да го поткупи за да добие преодна оцена на испитот и му се заканува дека ќе го тужи за навреда. Додека се обидува да воспостави рамнотежа во својот живот, Лари бара совет од три различни места. Со мешавината на црн хумор и лични теми, браќата Коен го направија својот најзрел, а можеби и најдобар филм досега, филм за кој допрва ќе се зборува.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Мајкл Штулбарг - Лари Гопник
- Ричард Кинд - Артур Гопник
- Сара Ванер Леник - Џудит Гопник
- Фред Меламед - Си Алибман
- Арон Волф - Дени Гопник
- Џорџ Винер - Раби Нахтнер
- Адам Аркин - Дон Милграм
Белешки
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 22 мај 2010 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Ротен Томатоес
|