Сергеј Рутенка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сергеј Рутенка
Siarhei Rutenka 02.jpg
Лични податоци
Роден(а) 29 август 1981 (1981-08-29) (37 г.)
Минск, Белоруска ССР, СССР
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина 1,98 м
Тежина 96 кг
Позиција лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Барселона
Број 22
Сениорски клубови
2000
2000–2001
2001–2005
2005–2009
2009–
Аркатрон Минск
Горење Велење
Цеље Пивоварна
Сјудад Реал
Барселона
Репрезентација
  Белорусија
Словенија
41 (268)[1]
56 (308)[2]

Сергеј Рутенка (белоруски: Сяргей Рутэнка; роден на 29 август 1981 во Минск) е белоруски ракометар, кој игра за клубот на Барселона и репрезентацијата на Белорусија.

Играчка позиција[уреди | уреди извор]

Рутенка најчесто игра на позицијата на лев бек, иако понекогаш игра и како централен бек и кружен играч.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клубови[уреди | уреди извор]

Сијархеј Рутенка за време на натпревар во Лигата на шампиони против Гумерсбах

Сијархеј Рутенка ја започнал ракометната кариера во екипата на Аркатрон Минск. Кратко потоа заминал во екипата на Велење и заиграл во словенечкото првенство. Во 2001 година, Сијархеј ѝ се приклучил на екипата на Цеље, со којашто го освоил словенечкото ракометно првенство во сезоните 2000-01, 2001-02, 2002-03, 2003-04, 2004-05; словенечкиот куп во сезоните 2001-02, 2002-03 и 2003-04 и Лигата на шампиони во ракомет во сезоната 2003-04.

Со овие успеси и просечниот учинок од 7 погодоци по натпревар, во 2005 се преселил во шпанскиот прволигаш Сјудад Реал. Како член на овој клуб, тој го освоил шпанското ракометно првенство во сезоните 2005-06, 2006-07 и 2007-08; шпанскиот куп во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2008-09 и Лигата на шампиони во сезоните 2005-06 и 2006-07. Во текот на сезоната 2006-07, постојано се мачел со повреди, па го принудил својот клуб да бара соодветна замена на неговата позиција. Летото 2009, Рутенка го напуштил клубот на Сјудад Реал и му се приклучил на клубот на Барселона.[3] Со екипата на Барселона тој го освоил домашното првенство во сезоните 2010-11, 2011-12, 2012-13 и 2013-14, како и Лигата на шампиони во сезоната 2010-11. На тој начин, заедно со Хозе Хавиер Омбрадос, Михаил Иванович Јакимович и Матео Гаралда, тој е единствениот ракометар кој успеал да ја освои Лигата на шампиони со три различни клуба. Во сезоната 2013-14, Рутенка го освоил Светското клупско првенство во ракомет, Ракометното првенство на Шпанија, Купот на Шпанија и Кралскиот ракометен куп. Во Лига на шампиони, со својот клуб остварил учество меѓу најдобрите четири.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Сијархеј Рутенка игра за репрезентацијата на Белорусија. Во 2004, тој добил словенечко државјанство и одиграл 56 натпревари за репрезентацијата на Словенија. Тој учествувал на Летните олимписки игри 2004 и на светското првенство во 2005, на коиешто бил четврт најдобар стрелец. На европското првенство во 2006 бил најдобар стрелец, а неговата репрезентација завршила на осмото место. Иако во текот на сезоната 2006-07 Рутенка се здобил со истегнување на мускулот во бедрото, лекарите успеале да го подготват за настап на светското првенство во 2007 во Германија. Сепак, тој целосно потфрлил на првенството и со репрезентацијата на Словенија го освоил разочарувачкото десетто место.

Во јануари 2008, Рутенка добилшпанско државјанство.[4] Како последица на тоа, тој ја напуштил репрезентацијата на Словенија и не настапил на европското првенство во 2008 во Норвешка.

Од октомври 2010, тој повторно поседува белоруско државјанство.[5] Со репрезентацијата на Белорусија, тој настапил на светското првенство во 2013 и европското првенство во 2014.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Неговиот помлад брат Ѕијанис (р. 1986) е исто така ракометар кој настапува за репрезентацијата за Белорусија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]