Сергеј Довлатов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сергеј Донатович Довлатов (руски: Сергеҋ Донатович Довлатов; 3 септември 1941, Уфа - 24 август 1990, Њујорк) - руски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гроб на Сергеј Довлатов

Сергеј Довлатов е роден на 3 септември 1941 година во Уфа, за време на евакуацијата пред налетот на германската армија. Татко му, Донат Мечник (по националност - Евреин) бил театарски режисер, а мајка му Нора Довлатова (Ерменка) била театарска глумица. Во 1944 година, неговото семејство се преселило во Ленинград. Во 1959 година се запишал на Филолошкиот факултет, каде студирал фински јазик, но по две години бил избркан од студиите. Во тоа време, активно се занимавал со бокс. Од 1962 до 1965 година служел во армијата, во обезбедувањето на еден логор на северот на СССР. По враќањето во Ленинград работел како новинар, а одредено време и како водич во Пушкиновиот парк во селото Михајловско. Во август 1978 година, со семејството емигрирал во Виена, а оттаму во САД. Довлатов се истакнувал со својата височина (196 сантиметри). Умрел на 24 август 1990 година, во Њујорк.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Сергеј Довлатов е еден од најпознатите современи руски писатели. Тој пишувал романи и кратки раскази, кои ги објавувал како „самиздат“ поради што бил прогонуван од советската власт. По емигрирањето во САД продолжил да ги објавува своите романи и раскази во разни емигрантски списанија, но и во најпрестижното американско списание „Њујоркер“. Неговите дела се застапени во бројни антологии на светската проза од XX век, а за него пофални зборови искажали повеќе американски и руски писатели, како: Курт Вонегат, Џозеф Хелер, Ирвинг Шо и Јосиф Бродски, кој прв им ги препорачал неговите дела на американските издавачи. Според Бродски, Довлатов е „единствениот руски писател чии целокупни дела ќе бидат читани надвор од Русија.[1]

Довлатов е автор на следниве дела:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019.