Сера до Мар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сера до Мар со атлантска дождовна шума
Поглед на планинскиот венец Сера до Мар од Куритиба, јужен Бразил

Сера до Мар (португалски: Serra do Mar, морски гребен) е планински венец долг 1.500 км во југоисточен Бразил.

Географија[уреди | уреди извор]

Сера до Мар оди паралелно со брегот на Атлантскиот Океан од државата Еспирито Санто до јужната Санта Катарина[1], некои извори ја вклучуваат и Сера Герал во Сера до Мар, и во тој случај опсегот ќе се протега на североисток во Рио Гранде до Сул.

Ја формира границата помеѓу крајбрежјето на морското ниво и внатрешната висорамнина,која има просечна надморска височина од 500 до 1,300 метри (1,600 до 4,300) Оваа област е е дел од Големиот ескарпмент што се протега по должината на источниот брег на Бразил, јужно од градот Салвадор,Баија

Планински масиви[уреди | уреди извор]

Планинските масиви се прекинуваат на повеќе места и им се даваат поединечни имиња како Сера де Бокаина,Сера де Паранапикаба,Серс Негра,Сера дос Аргиос,Сера до Индаја и др. Масивот, исто така, се протега на некои големи острови во близина на крајбрежјето, како што се Иљабела и Иља Анчиета. Со надморска височина од 2,255 метри Пико да Каледонија во Нова Фрибурго е меѓу највисоките точки во Сера до Мар.

Геолошки, масивот спаѓа во масивната кристална карпеста платформа што ја формира Источна Јужна Америка,а тектонски е многу стабилна. Повеќето од височините на Сера до Мар се формирани пред околу 60 милиони години

Природна историја[уреди | уреди извор]

Во времето на европското откривање на Бразил (1500 година),Сера до Мар била дом на богат и шаренолок екосистем, составен главно од бујна тропска дождовна шума. Како резултат на урбанизацијата и уништувањето на шумите, најголемиот дел од шумската покривка е уништена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Angulo, R. J., G. C. Lessa, M. C. de Souza (2009). The Holocene Barrier Systems of Paranaguá and Northern Santa Catarina Coasts, Southern Brazil. Lecture Notes in Earth Sciences 107: 135-176.