Прејди на содржината

Серафина Давалос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серафина Давалос
Роден(а)Серафина Давалос Алфонсо
9 септември 1883(1883-09-09)
Ајос (денешен Коронел Овиедо), Парагвај
Починал(а)27 септември 1957(1957-09-27) (возр. 74)
Парагвај
Занимањеадвокат

Серафина Давалос Алфонсо (9 септември 1883 – 27 септември 1957 ) — првата жена адвокат во Парагвај и првата истакната феминистка во земјата.[1][2][3]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Серафина била родена во парагвајскиот град Ајос (денес Коронел Овиедо).[1] Нејзините родители биле Гаспар Давалос и Тереза Алфонсо.[4]

Дипломирала на правен факултет на Националниот универзитет во Асунсион (станувајќи првата жена дипломирана) во 1907 година со тезата „Хуманизам и феминизам“, која таа го доведувала во прашање покорувањето на жените, таа се залагала за образование на жените и подобрување на статусот на жените во бракот и била контроверзна.[1][5] Давалос, исто така, со Вирџинија Корвалан и други го основала Асунсионското феминистичко движење (во 1919 година), Парагвајскиот феминистички центар (1921 година), Парагвајската женска унија и Парагвајската лига за правата на жените.[1] Во 1904 година, таа и дваесет други жени го основале Комитетот на жени за мир.[1]

Давалос ја стекнала својата диплома за наставничка од Нормалното училиште за женски учителки во 1898 година, дипломирала на Националното училиште во 1902 година и работела како професорка во Националниот колеџ на главниот град почнувајќи од 1904 година; таа го основала (веројатно со други) Трговското училиште за девојки (бизнис училиште) во 1905 година.[1][6] На првиот Меѓународен феминистички конгрес во 1910 година во Аргентина, Давалос била официјален делегат на Парагвај на која била назначена за член на извршниот комитет на Панамериканската женска федерација.[6] Подоцна таа била избрана за почесен претседател на Националниот совет на жени на Парагвај.[6]

Во 1936 година Давалос била назначена за конзул на Парагвајската женска унија (UFP). Во 1952 година, таа учествувала во Парагвајската лига за правата на жените.[1]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Давалос никогаш не се омажила и живеела со „постојаната придружничка, Хонорија Балиран“, како што спомнал во 1959 година д-р Игнасио Амадо Берино, генерален секретар на Асунсионскиот национален универзитет, во неговото предавање на тема „Серафина Давалос, претходникот на феминизмот во Парагвај“, објавено во весникот „Ел Феминиста“, па преправено во анекс од тезата „Серафина Давалос: Хуманизам“, спроведено од Центарот за документација и студии и RP Ediciones.[7]

Наследство

[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, долго по нејзината смрт, Давалос станала првата жена што се појавила на парагвајска поштенска марка кога Генералната пошта на Парагвај издала марки на кои пишувало „Првата жена адвокат и феминистка на Парагвај (1883–1957)“.[1] Исто така, постои улица именувана во нејзина чест во административниот центар на Коронел Овиедо, градот каде што таа била родена.[1]

  1. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Burgui Jurio, Teresa. „Serafina Dávalos“. 1325 Mujeres Tejiendo La Paz. Посетено на 29 October 2013.
  2. ↑ „Famous Paraguayans“. World Atlas. Архивирано од изворникот на 21 March 2019. Посетено на 29 October 2013.
  3. ↑ Carbone, Rocco (2020-12-14). „Serafina Dávalos: feminismo y educación“. Revista Bordes (шпански). Посетено на 2024-11-16.
  4. ↑ „Biografías » Serafina Dávalos“ (Spanish). Ministry of Education and Science of Paraguay. Посетено на 30 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. ↑ Clough-Riquelme, Jane (2007). Gender, Citizenship, and Local Democracy in Paraguay. New York. ISBN 9780549132592. Посетено на 2013-10-29.
  6. 1 2 3 Parker, William Belmont, уред. (1921). Paraguayans of To-day. Hispanic Society of America. стр. 187. Посетено на 2013-10-29. serafina davalos first woman.
  7. ↑ Posa Guinea, Rosa M. (22 July 2010). „Same-Sex Marriage in Argentina – A Reflection on the Institution of Marriage“. OutRight Action International. Посетено на 11 February 2017.