Сеработнички борбен фронт

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сеработничкиот борбен фронт (на грчки: Πανεργατικό Αγωνιστικό Μέτωπο, ΠΑΜΕ, Панергатико Агонистико Метопо) е координативен центар во рамките на грчкото синдикално движење, основан на иницијатива на синдикалистите од Комунистичката партија на Грција во април 1999. Меѓу основачите биле и членови на ДИККИ. Во ПАМЕ членуваат синдикалисти со различни политички погледи. ПАМЕ е критичен кон официјалните ставови на раководството на Генералната конфедерација на грчки работници (ГСЕЕ). Според ККЕ синдикатите поврзани со ПАМЕ имаат 850000 членови. Во воември 2016 ПАМЕ го има одржано 4. Национален конграс со 1200 делегати кои застапувале 13 национални федерации, 14 работнички центри, 451 синдикат и 52 работнички комитети. ПАМЕ е член на Светската федерација на синдикати од 2000.