Сепак возможно

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сепак возможно е збирка поезија на македонската поетеса Рената Тренеска, објавена во 1992 година од НИО „Студентски збор“.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Современа македонска поезија“. Рецензенти биле Братислав Ташковски и Санде Стојчевски. Ликовно-графичкото уредување е дело на Никола Симовски, а графичкиот дизајн на корицата е дело на Митко Поповски. Книгата била финансиски поддржана од Министерството за култура на Македонија, а била отпечатена во печатницатаКоста Абрашевиќ“ во Охрид, во тираж од 1 000 примероци. Книгата има 67 страници, со димензии од 22 сантиметри и е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотекаКлимент Охридски“, Скопје.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката се состои од 46 песни, собрани во четири циклуси: „Шепотења“, „Врвици“, „Шок-терапија“ и „Конечно: полна месечина“. На крајот од книгата се ставени извадоци од рецензиите, а на задната корица е дадена куса биографија на авторката.[2] Првиот циклус ги содржи песните: „Слушни што шепотат песните“, „Природата раѓа“, „Раѓаме радости“, „Времеплов“, „Тешка надеж“, „Секоја“, „И ветрот кога рече“, „Голема радост на денот“, „Каменот тежината“, „Многу надежи“, „Свилено стакло“, „Дождовните капки“, „Објава: Взаемна љубов“, „Објава: Двојна копија“, „И во еленски скок се даваш“, „За еленска среќа“, „Спокојот задоволство раѓа“, „Сизиф ми се насмевнува“, „Идеализирам, „Секоја љубов поезија“, „Заракувани ќе појдеме, „Очите што се смеат“, „Снегот огреан“, „Насмевка“, „Празнувам изгрев, „Шумот“, „Една симфонија на ноќта“, „Новиот ден што се буди“, „Сонуваш месечина?!“, „Сонот те роди“, „Недофатената мечта“, „Моделарите на едно утро“, „Тротинет сред автопат“, „Цицалче“, „Ме учеа“, „Во градот“, и „Мерачот на времето“. Во вториот циклус се поместени следниве песни: „Покажи ми го патот“, „Автопат ни се чинеше“, и „Се разминуваат ветриштата“. Третиот циклус ги содржи песните: „1. И што ни рекоа тогаш“, „2. Ѕвездена патека се тркала“, „3. Надежен славејски сонет“, „4. Сонцето ни се смешка“, и „А тогаш надежта ни се смееше“. Најпосле, во четвриот циклус е поместена песната „Вечерва ќе сонувам будна“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Рената Тренеска, Сепак возможно, Студентски збор, Скопје, 1992.
  2. Рената Тренеска, Сепак возможно, Студентски збор, Скопје, 1992.