Сент Мартин (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сент Мартин
корнски: Brechiek
St Martin's bay from Scilly point - geograph.org.uk - 215314.jpg
Северниот брег
Население 136 (2011)
Мреж. реф. SV924341
Месност Сент Мартин
Унитарна управа Острови Сили
Церемонијална грофовија Корнвол
Регион Југозападна
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град Острови Сили
Поштенска област TR25
Повикувачки број 01720
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент St Ives
Список на места: ОК • Англија • Корнвол

Сент Мартин (корнски: Brechiek, со значење шарен предел покриен со светлина и темнина) е најсеверниот населен остров на Островите Сили во Англија. Има површина од 237 хектари.

Опис[уреди | уреди извор]

Панорамска слика на Сент Мартин. Дневен светилник од десно.
Дневен светилник на Сент Мартин.

На островот има три поголеми населени места Хајер Таун, Мидл Таун и Лоуер Таун,и повеќе расфрлани фарми и куќи со вкупен број на жители 136 според пописот од 2001 година.

Постојат две пристаништа: едното е кај Хајер Таун и е наречено докот на Хајер Таун и е во функција кога е плима, а второто пристаниште е наречено Хотел док и се наоѓа кај Лоуер Таун и е во функција кога е осека. Во Хајер Таун постои пошта.

На островот има лозови насади.[1]

Северниот дел од островот за време на осека е споен со островот Вајт.

Дневен светилник[уреди | уреди извор]

На североисточниот агол од островот се издигнува висок дневен светилник обоен со бели и црвени пруги. Подигнат е во 1683 година од Томас Екинс првиот служител на Годофин семејството кој живеел на островот.

Светилникот е мазна, гранитна, кружна кула со дијаметар 4.8 метри и височина 6.4 метри,со конусна завршница и вкупна висина од 11 метри. Има заоблена влезна врата што е блокирана и на неа е врежан неточен датум – 1637 година. Белите пруги се обоени до 1822 година,а црвените до 1833 година, така да денес целата кула е со бели и црвени пруги.

Иако светилникот е од современ датум, тој заедно со неколкуте камени могили  е вброен во важни древни споменици.[2]

Светилникот е изграден на највисоката точка на Сент Мартин, која е втора по височина на Островите Сили, и е единствената тригонометриска точка на мапата на Националната агенција за мапирање (OS) на Островите Сили, што значи дека светилникот може (ако времето тоа го дозволува) да биде виден од Корнвол и обратно од таму да се види копното на Англија.

Религија[уреди | уреди извор]

Постојат две цркви на Сент Мартин: Англиканска епархиска црква Сент Мартин и методистичка капела. И двете се наоѓаат во околината на Хајер Таун. Методистичката капела била изградена околу 1845 година.[3]

Граѓанска парохија и изборно место[уреди | уреди извор]

Островите Сили, каде граѓанската парохија и изборното место Сент Мартин е прикажан во црвено

Сент Мартин е една од петте цивилни епархии на Островите Сили, и е изборно место. На оваа епархија покрај овој остров и припаѓаат и неколку ненаселени острови и гребени заедно со островите Истерн Ајлс, Греит Ганили, Вајт и Инглиш Ајланд. Од овој остров се избираат двајца советници за советот на Островите Сили. Граѓанската епархија денес не функционира.

Образование[уреди | уреди извор]

На островот постои основно образование кое е дел од Академијата на петте острови на Островите Сили (порано се нарекувало Училиште на петте острови). Учениците од средно образование се школуваат на островот Сент Мери.[4] каде и престојуваат за време на работните денови сместени во интернат, а дома се враќаат за време на викендот.[5]

Студентите се школуваат на универзитетите на копното во Велика Британија.[6] Порано LSC (англ.Learning and Skills Council), плаќал за сместување на своите студенти на копното.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „St Martins Vineyard“. www.stmartinsvineyard.co.uk. конс. 2018-12-12. 
  2. England, Historic. „Prehistoric cairns, field system and settlements, medieval chapel and post-medieval daymark, lookout and signal station on north east St Martin's, St. Martin's - 1016508 | Historic England“. historicengland.org.uk. конс. 2018-12-12. 
  3. „St. Martin's Methodist Church“. www.scillymethodists.co.uk. конс. 2018-12-12. 
  4. „Contact us | The Five Islands Academy“. www.fiveislands.scilly.sch.uk. конс. 2018-12-12. 
  5. „Home to School Travel | Council of the ISLES OF SCILLY“. www.scilly.gov.uk. конс. 2018-12-12. 
  6. „Schools & Colleges | Council of the ISLES OF SCILLY“. www.scilly.gov.uk. конс. 2018-12-12. 
  7. „Council of the Isles of Scilly - Education“. web.archive.org. 2002-10-14. конс. 2018-12-12. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]