Прејди на содржината

Сент Винсент (пејачка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сент Винсент
Сент Винсент на Glastonbury Festival во 2022
Животописни податоци
Родено имеЕн Ерин Кларк
Познат(а) и какоЕни Кларк
Роден(а)28 септември 1982(1982-09-28)(41 г.)
Талса (Оклахома), САД
ПотеклоDallas, Texas, U.S.
Жанрови
Занимања
  • Музичар
  • пејачка
  • текстописец
  • музички продуцент
Инструменти
  • Пеење
  • гитара
  • бас
  • клавијатури
  • темерин
  • удирачки инструменти
Период на активност2003–денес
Издавачи
Мреж. местоilovestvincent.com

Ен Ерин Кларк (англ. Anne Erin Clark; родена на 28 септември 1982 година), професионално позната како Сент Винсент (англ. St. Vincent) ― американска музичарка и пејачка. Таа се наоѓа на списоците за најдобри гитаристи од XXI век во повеќе изданија.[1][2] Во 2023 година, Ролинг стоун ја ставил Кларк на 26-то место на нивниот список од „Најдобри гитаристи на сите времиња“.[3]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Детство и образование

[уреди | уреди извор]

Кларк е родена на 28 септември 1982 година во Тулса, Оклахома.[4][5][6][7] Нејзините родители се развеле кога таа имала 3 години, а кога имала 7 години, со мајка ѝ и со двете постари сестри се преселила во Далас. Таа рекла дека според 23andMe ДНК-тестот таа била 80% Ирка и 20% Ашкенази Еврејка.[8] Кларк има четири браќа и четири сестри од мешаните бракови на нејзините родители.[9][10]

Како дете, Кларк го сакала Ричи Валенс и филмот Ла Бамба. Нејзината мајка ѝ подарила црвена пластична гитара кога таа имала 5 години. Почнала да свири нејзината прва вистинска гитара на 12-годишна возраст, а во тинејџерските години како патувала со нејзината вуња и вујко и нивното гитарско-вокално џез-дуо Tuck & Patti.[11][12] Во 2001 година, матурирала во средното училиште „Лејк Хајлендс“, каде што била член на драмската секција и свирела во училишната џез-група.[13][14]

Таа студирала на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, но по три години ги напуштила студиите зошто сметала дека уметничките институции како Беркли понекогаш се повеќе насочени на естетиката на уметноста отколку на самиот производ.[15]

2003–2007: Почетоци на кариерата и прв албум

[уреди | уреди извор]
Кларк на настап во 2007

Во 2003 година, Кларк, заедно со колеги-студенти од Беркли, го објавила ЕР-то под наслов Ratsliveonnoevilstar.[16] По напуштањето на Беркли, таа се вратила во Тексас, каде што им се придружила на Polyphonic Spree непосредно пред нивната европска турнеја.[17] Во 2004 година, таа му се придружила на оркестарот на Глен Бранка составен од 100 гитари за настап во Квинс,[18] и кратко време била дел од рок-групата Skull Fuckers.[19][20][21] Кларк ја напуштила групата Polyphonic Spree и во 2006 година се приклучила на групата од Суфџан Стивенс. Тогаш, таа снимила и издала ЕР под наслов Paris Is Burning (2006).

Во 2006 година, таа започнала да снима студиски албум под уметничкото име Сент Винсент. Во интервју за The Colbert Report, таа рекла дека „го зела името од стих од песна од Ник Кејв“ кое се однесувало на болницата каде што починал Дилан Томас. На 10 јули 2007 година, Кларк го издала нејзиниот прв албум, Marry Me. Албумот бил добро прифатен од критичарите, кои ја споредувале Кларк со Кејт Буш и со Дејвид Боуви,[22] а албумот го пофалиле за неговиот аранжман, тематика и стил. Од албумот бил издаден еден сингл, „Paris Is Burning“, а за „Jesus Saves, I Spend“ било направено музичко видео.

2008–2010: Actor и саундтрак-песни

[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, Кларк била номинирана за три независни музички награди PLUG: Нов изведувач на годината, женски изведувач на годината и музичко видео на годината. На 6 март 2008 година, таа ја освоила наградата „PLUG женски изведувач на годината“.[23] По долгата турнеја, Кларк се вратила во Њујорк и почнала да работи на нејзиниот втор албум. Таа наводно била инспирирана од неколку филмови, меѓу кои имало и филмови од Дизни.[24] Кларк, која во тоа време немала студио, почнала да го пишува албумот во нејзиниот стан на нејзиниот компјутер користејќи GarageBand и MIDI, бидејќи добивала поплаки за бучава од соседите.[25] Песните претежно биле инспирирани од сцени од различни детски филмови. Кларк рекла дека замислувала саундтрак за одредени сцени во филмовите кога ги пишувала музиката и текстот,[25] вклучувајќи ги и сцените од Снежана (1937) и Волшебникот од Оз (1939).

Нејзиниот втор албум, Actor, бил издаден на 5 мај 2009 година.[26] И овој албум бил добро прифатен од критиката и за разлика од неговиот претходник се продавал подобро.[27]

Кларк напишала песни за два саундтрак-албумот за филмскиот серијал Сага на самракот. Песната „Rosyln“, во соработка со инди-фолк- групата Бон Ивер, се појавила на саундтракот на Сага на самракот: Нова месечина (2009), а „The Antidote“ била напишана и се појавила во филмот „Сага на самракот: Зазорување“ (2012).

2011–2012: Strange Mercy и соработки

[уреди | уреди извор]
Сент Винсент настапува во The Button Factory, Даблин во ноември 2011 година

Третиот студиски албум на Сент Винсент, Strange Mercy, бил издаден на 13 септември 2011 година. Албумот се искачил на 19-то место на Билборд 200 и станал највисоко пласиран албум на Сент Винсент дотогаш. Албумот бил значително пофален од критиката. Во 2014 година Pitchfork го ставил албумот на 23-то место место на списокот на најдобри албум на деценијата.

Во 2011 година, Кларк ја компонирала „Proven Badlands“, инструментална композиција заснована на песната „The Sequel“ од нејзиното второ издание Actor, за албумот на ансамблот Music Beautiful Mechanical.[28] Во 2012 година, Кларк била вклучена во албумот на Ендрју Бирд, Break It Yourself, пеејќи на „Lusitania“. На 14 јуни 2012 година, бил објавен „Who“, првиот сингл од нејзината соработка со Дејвид Брн, поранешен член на Talking Heads. Синглот се нашол на нивниот заеднички албум Love This Giant, кој бил објавен на 11 септември 2012 година.[29][30] На 18 септември 2012 година, Кларк учествуваше во кампањата „30 песни / 30 дена“ за поддршка на кампањата за еманципација на жените инспирирана од бестселерот на Николас Кристоф и Шерил Вудун.[31] Кларк, исто така, била гостин-пејачка на песната „What's the Use of Won'drin'“ од албумот Who Killed Amanda Palmer од Аманда Палмер, поранешна членка на Dresden Dolls.[32]

2013–2015: Издавање на албумот St. Vincent

[уреди | уреди извор]
Сент Винсент на концерт за време на нејзината турнеја „Digital Witness" во 2014

На 28 мај 2013 година, Дејвид Бирн и Сент Винсент го објавиле Brass Tactics, кое содржело претходно необјавена бонус-песна од Love This Giant, два ремикса и две песни во живо.[33] Во ноември 2013 година, Кларк ја добила наградата „Смитсонијан“ за сценски уметности [34] и потпишала договор со Loma Vista Recordings.[35] Под новата издавачка куќа во декември го издала „Birth in Reverse“, првиот сингл од четвртиот албум на Кларк, St. Vincent.[36] Вториот сингл, „Digital Witness“, бил објавен во јануари 2014 година,[37] а следниот месец го објавила и албумот кој бил пофален од критиката.[38] Многу публикации, како: The Guardian, Entertainment Weekly, NME, Gigwise и MusicOMH, го прогласиле за најдобар албум за 2014 година. Кларк ја добила најзината прва Греми-награда, бидејќи во февруари 2015 година St Vincent ја освоил наградата „Најдобар алтернативен музички албум“.[39]

На 10 април 2014 година, Кларк ја вовела групата Нирвана на 29-та церемонија за воведување во Куќата на славните на рокенролот.[40] Таа исто така пеела на албумот To Be Kind од групата Swans.[41] Кларк во текот на 2014 година била на турнеја низ Соединетите Американски Држави, Европа, Австралија и Азија, завршувајќи ја годината како поддршка на турнејата од Black Keys. Нејзината турнеја Digital Witness траела до летото 2015 година,[42] и во мај 2015 година, заедно со Pixies и Бек, настапила на музичкиот фестивал „Boston Calling“.[43]

2016–2019: Издавање на албумот Masseduction

[уреди | уреди извор]
Сент Винсент настапува со нејзината препознатлива гитара на Ernie Ball Music Man (2018)

На 12 април 2016 година, било најавено дека Кларк ќе го направи нејзиното филмско режисерско деби, во еден од сегментите на антологискиот хорор филм XX, режиран од жени.[44]

Во јуни 2017 година, Сент Винсент го издала „New York“, водечки сингл од нејзиниот петти албум. Masseduction, петтиот студиски албум на Кларк, бил објавен во октомври 2017 година.[45] Наишол на „универзално поволни критики“ со просечна оценка 88 на Metacritic.[46] Во САД, Masseduction дебитирал на 10-то место на Билборд 200, со што станал прв албум од Сент Винсент кој се искачил во топ-10 на топ-листата.[47]

Во 2019 година, Сент Винсент настапила на 61-тото годишно доделување на Греми наградите. Истата вечер, „Masseduction“ добил Греми награда за најдобра рок песна.[48] Тоа лето, Сент Винсент била котекстописец на песната „Cruel Summer“ изведена од Тејлор Свифт и Џек Антоноф за седмиот студиски албум на Свифт, Lover (2019).[49] Во декември, таа го издала Masseduction Rewired, збирка ремикси обработени од руската техно-диџејка Нина Кравиц.[50]

2020–2023: Издавање на албумот Daddy's Home

[уреди | уреди извор]
Кларк настапува на музичкиот фестивал Shaky Knees во 2021 година

На 15 декември 2020 година, Сент Винсент објавила дека во 2021 година ќе го издаде нејзиниот шести студиски албум.[51] На 25 февруари 2021 година, преку улични плакати било откриено дека албумот „Daddy's Home“ ќе биде објавен на 14 мај 2021 година.[52]

Првиот сингл од албумот „Pay Your Way in Pain“ бил објавен на 4 март 2021 година, пропратен со музичко видео.[53] Вториот сингл од албумот „The Melting of the Sun“ бил објавен на 1 април 2021 година.

Сент Винсент глумела во психолошкиот трилер од 2020 година The Nowhere Inn, снимен по нејзино сценарио и од Кери Браунштајн, а филмот се однесувал на измислен обид да се направи документарен филм за музичката кариера на Сент Винсент. Таа, исто така, ги напишала песните за саундтракот на филмот, кој бил објавен на 17 септември 2021 година.[54]

На 3 април 2022 година, Daddy's Home ја освоил наградата за најдобар албум со алтернативна музика на 64-тото годишно доделување на Греми наградите.[55] На 3 јуни 2022 година, Св. Винсент ја објавила нејзината преработка на песната од Lipps Inc., „Funkytown“, која била вклучена на саундтракот за филмот Minions: The Rise of Gru.[56]

2024–денес: Издавање на албумот All Born Screaming

[уреди | уреди извор]

На 29 февруари 2024 година, Сент Винсент го издала „Broken Man“, водечки сингл од нејзиниот седми студиски албум All Born Screaming кој бил објавен на 26 април 2024 година.[57] Вториот сингл, "Flea", бил објавен на 28 март, истиот ден кога официјално била најавена турнејата All Born Screaming.[58] По објавувањето, албумот добил пофалби од критиката, со просечна пондерирана оценка од 89 на Metacritic.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Marry Me (2007)
  • Actor (2009)
  • Strange Mercy (2011)
  • St. Vincent (2014)
  • Masseduction (2017)
  • Daddy's Home (2021)
  • All Born Screaming (2024)

Албуми во соработка со други музичари

  • Love This Giant (со Дејвид Брн) (2012)
  • Marry Me Tour (2007–08)
  • Actor Tour (2009–10)
  • Strange Mercy Tour (2011–12)
  • Love This Giant Tour (with David Byrne) (2012–13)
  • Digital Witness Tour (2014–15)
  • Fear the Future Tour (2017–18)
  • I Am a Lot Like You! Tour (2018–19)
  • Daddy's Home Tour (2021–22)
  • All Born Screaming Tour (2024)
  1. Bienstock, Richard (December 30, 2019). „The 20 best guitarists of the decade“. Guitar World. Посетено на 2023-09-04.
  2. Dean, Ollie (August 31, 2016). „Artist ProfilesTop 10 Rock Guitarists of the 21st Century“. Classic Rock History. Посетено на 2023-09-04.
  3. Празен навод (help)
  4. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
  5. „St. Vincent – Q&A“. Rag & Bone. September 28, 2012. Архивирано од изворникот на July 13, 2013. Посетено на July 12, 2013.
  6. „Album Review : St. Vincent – Marry Me“. Treble. Архивирано од изворникот на February 13, 2012. Посетено на July 6, 2011.
  7. „BBC profile“. BBC. Архивирано од изворникот на May 27, 2009. Посетено на July 7, 2009.
  8. Louise BrutonSat Oct 28 2017 - 05:00 (2017-10-28). „St Vincent: 'I did my genealogy test, I'm 80% Irish' (англиски). Dublin. ISSN 0791-5144. Посетено на 2022-08-26.
  9. Teeman, Tim (February 2, 2014). „St Vincent interview: 'I try to live at the intersection of accessible and lunatic'. The Observer. Guardian News. Посетено на December 26, 2016.
  10. Volzick-Levinson, Simon (February 17, 2014). „Annie Clark's Bizarre Fever Dreams: Inside 'St. Vincent'. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на March 18, 2017. Посетено на December 26, 2016.
  11. Ryzik, Melena (May 6, 2009). „Friendly, and Just a Bit Creepy: St. Vincent Defies Categories“. The New York Times. Посетено на June 16, 2009.
  12. Dombal, Ryan (February 17, 2014). „St. Vincent: Reckless Precision“. Pitchfork Media. Архивирано од изворникот на March 10, 2016. Посетено на April 12, 2014.
  13. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
  14. „Dallas Observer feature, July 5, 2007“. July 5, 2007. Архивирано од изворникот на June 26, 2009. Посетено на June 16, 2009.
  15. „LA Times feature, May 27, 2009“. Los Angeles Times. May 27, 2009. Посетено на June 16, 2009.
  16. „Early St. Vincent EP“. Whokilledthemixtape.blogspot.com. Посетено на February 24, 2008.
  17. Ryzik, Melena (May 6, 2009). „Friendly, and Just a Bit Creepy: St. Vincent Defies Categories“. The New York Times. Посетено на June 16, 2009.
  18. Interview: Annie Clark (of St. Vincent) – News – Evri. Evri.com:80. Retrieved November 30, 2011.
  19. Forbes, Jessica (September 24, 2014). „The Rise of St. Vincent“. Inweekly. Посетено на September 8, 2016.
  20. „Skull Fuckers“. defyUnlearn. Архивирано од изворникот на September 22, 2016. Посетено на September 8, 2016.
  21. „News“. Архивирано од изворникот на March 26, 2004. Посетено на September 8, 2016.
  22. Klein, Joshua (July 27, 2007). „Marry Me review“. Pitchfork.
  23. „2006 PLUG Independent Music Awards nominees“. Архивирано од изворникот на February 21, 2008. Посетено на February 24, 2008.
  24. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
  25. 25,0 25,1 „St. Vincent and Her Mutant Sounds: An interview with Annie Clark“. Архивирано од изворникот на October 23, 2010. Посетено на November 19, 2009.
  26. „St. Vincent profile“. 4ad.com. Архивирано од изворникот на February 22, 2009. Посетено на May 7, 2008.
  27. Murphy, Tom (February 12, 2010). „Q&A With Annie Clark of St. Vincent“. Denver Westword. Архивирано од изворникот на July 17, 2011. Посетено на February 4, 2011.
  28. Battan, Carrie (September 22, 2011). „Listen to a New Orchestral Composition by St. Vincent's Annie Clark“. Pitchfork. Посетено на April 20, 2014.
  29. Adams, Gregory. „David Byrne and St. Vincent Detail Collaborative Album, Announce North American Tour“. Exclaim!. Посетено на July 15, 2012.
  30. Love This Giant by David Byrne & St. Vincent, September 7, 2012 Архивирано на 26 август 2014 г.. Retrieved September 1, 2010.
  31. „30 Songs / 30 Days for Half the Sky“. Halftheskymovement.org. August 30, 2012. Архивирано од изворникот на October 14, 2012. Посетено на September 16, 2012.
  32. „Amanda Palmer: Who Killed Amanda Palmer“. Pitchfork.
  33. Pelly, Jenn (May 28, 2013). „Download David Byrne and St. Vincent's Free Brass Tactics EP“. Pitchfork. Посетено на May 29, 2013.
  34. „The 2013 Smithsonian Ingenuity Awards Winners“. Smithsonianmag.com. Посетено на July 2, 2014.
  35. „Tom Whalley's Loma Vista Goes to Concord Music Group“. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2023-03-21. Посетено на April 7, 2020.
  36. „St Vincent unveils new track 'Birth In Reverse' and confirms new album details – listen“. NME. December 9, 2013. Посетено на December 10, 2013.
  37. „St. Vincent Takes on Sharing Culture in Brassy 'Digital Witness'. Spin. January 6, 2014. Посетено на January 10, 2013.
  38. „St. Vincent Wraps Fourth Album for February 25 Release“. Direct Current. Архивирано од изворникот на December 7, 2013. Посетено на December 3, 2013.
  39. „2015 Grammy Awards nominations (Arcade Fire, St. Vincent, Kendrick Lamar, Kanye, Jack White, Beck, Disclosure, James Franco, Aphex Twin, Little Dragon & more)“. Brooklyn Vegan. December 5, 2014. Посетено на December 6, 2014.
  40. Празен навод (help)
  41. Minkser, Evan (January 27, 2014). „Swans Announce New Album To Be Kind Featuring St. Vincent, Michael Gira Announces Solo Tour“. Pitchfork. Посетено на January 28, 2014.
  42. „St. Vincent Adds New U.S. Tour Dates Following Coachella Appearance“. musictimes.com. January 13, 2015. Посетено на January 14, 2015.
  43. Ollman, Jonah (January 13, 2015). „Boston Calling Announces May 2015 Lineup“. Sound of Boston. Посетено на January 15, 2015.
  44. Verhoeven, Beatrice (April 12, 2016). „St. Vincent's Annie Clark to Make Directorial Debut on 'XX'. TheWrap. Посетено на September 26, 2016.
  45. „St. Vincent Announces New Album MASSEDUCTION, Shares New Song "Los Ageless": Listen | Pitchfork“. Pitchfork (англиски). September 6, 2017. Посетено на September 6, 2017.
  46. „Reviews and Tracks for Masseduction by St. Vincent“. Metacritic. Посетено на February 7, 2018.
  47. Празен навод (help)
  48. Sacher, Andrew (February 10, 2019). „St. Vincent wins Best Rock Song Grammy, performed with Dua Lipa“. Brooklyn Vegan. Посетено на July 28, 2020.
  49. Lover by Taylor Swift (англиски), Посетено на August 22, 2019
  50. Helman, Peter (October 11, 2019). „St. Vincent Announces 'Masseduction' Remix Album, Shares Nina Kraviz "New York" Reworking: Listen“. Stereogum. Посетено на July 28, 2020.
  51. Sanchez, Gabrielle (December 15, 2020). „St. Vincent Is 'Locked and Loaded' With a New Album“. Vulture. Посетено на December 28, 2020.
  52. Strauss, Matthew (February 25, 2021). „St. Vincent Teases New Album Daddy's Home With Street Posters and Hotline“. Pitchfork. Посетено на March 4, 2021.
  53. Langford, Jackson (March 2, 2021). „St. Vincent announces new single 'Pay Your Way In Pain'. NME. Посетено на March 4, 2021.
  54. „Special Release“. recordstoreday (англиски). Посетено на 2022-03-21.
  55. Minsker, Evan (April 3, 2022). „St. Vincent Wins Best Alternative Music Album at 2022 Grammys“. Pitchfork. Посетено на April 9, 2022.
  56. Празен навод (help)
  57. Празен навод (help)
  58. Strauss, Matthew (2024-03-28). „St. Vincent Announces Tour, Shares New Song "Flea": Listen“. Pitchfork (англиски). Condé Nast. Посетено на 2024-04-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]