Сенешал
Сенешал (германски: Seneschall, латински: senex, француски: sénéchal) — чиновник задолжен за управување со благородничко домаќинство, имот или територија, особено во Средновековна Европа. Улогата разнообразува во зависност од регионот и временскиот период.[1]
Сенешалот на Франција
[уреди | уреди извор]Во Франција, за време на Меровинзите, сенешалот првично бил само дворски слуга задолжен за послужување храна на гозбите. Поради ова, во историските записи бил наречен и дапифер (dapifer).
Со текот на времето, сенешалот станал еден од најважните чиновници во дворот. Управувал со дворски церемонии, организирал гозби и ги надгледувал слугите, слично на англискиот врховен стјуард. Тој исто така имал судски должности и заповедувал со кралските војски на земјите на кралот, додека самиот крал ја водел војската на целото кралство.
Во Германија слична улога имал и столникот (Truchsess). Многу моќни владетели, како што се војводите од Нормандија, Бургундија, Бретања и Гиен, и грофовите од Фландрија, Шампања и Тулуза, имале свои сенешали. Подоцна, кога овие земји станале дел од француската круна, сенешалите станале кралски чиновници што управувале со судските окрузи.
Великиот сенешал на Франција бил највисокопоставениот сенешал. Во X–XII век, ова било најважната улога во службата на кралот. Меѓутоа, во 1191 г., кралот Филип Август ја укинал должноста затоа што давала премногу моќ на една личност. По смртта на последниот велик сенешал, Тибо V де Блоа, неговите должности биле поделени меѓу другите чиновници, вклучувајќи го и конетаблот, коморниците и врховниот стјуард, кои го презеле управувањето со дворот и неговиот кадар.
Сенешалите како административни чиновници
[уреди | уреди извор]Откако Филип Август го укинал сенешалот како дворска должност, тој ги направил чисто судски чиновници. Во Јужна Франција, тие ја имале истата улога како извршители на северот. Нивната работа била да го надгледуваат правосудието, администрацијата, воените работи и финансиите во нивниот доделен регион, наречен сенешалство. Тие воделе како граѓански, така и казнени дела врз основа на месното обичајно право. По XVI век, сенешалите биле одговорни само за воени должности. Положбата била целосно укината по Француската револуција.
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Service historique de la défence
- Dictionnarie général de la Politique
- Esquisse de la juridiction d’ancien régime sur notre territoire
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Сенешал“ на Ризницата ? |