Сем Смит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сем Смит
Сем Смит на настап во Берлин во 2015
Биографски податоци
Родено имеСемуел Фредерик Смит
Роден(а)19 мај 1992
Лондон, Англија
Жанровипоп, R&B, соул
ЗанимањаПејач, Тектописец
Период на активност2007–денес
ИздавачиCapitol
Мреж. местоsamsmithworld.com

Семуел Фредерик "Сем" Смит[1] (роден на 19 мај 1992)[2] е англиски пејач и текстописец. Во кариерата му помогнала соработката со англиското дуо Disclosure на нивниот сингл "Latch" во октомври 2012, кој подоцна се пласирал на седмото место на британската музичка листа на синглови. Неговата следна соработка на песната на Naughty Boy "La La La"—му донела пласман на првото место на музичката листа на синглови во мај 2013.

Во декември 2013 бил номиниран за награда на Британските музички награди во категоријата "Избор на критичарите" и за изборот на BBC Sound of 2014 (Звукот од 2014);[3][4] ги освоил двете награди.[5][6] Во мај 2014 Capitol Records UK го објавил неговиот дебитантски албум, In the Lonely Hour.[7] Пред соработката на песната "La La La", го објавил синглот "Lay Me Down". Втор сингл од албумот бил, "Money on My Mind", кој што станал неговиот втор сингл на првото место на британската музичка листа на синглови.[8] Трет сингл од албумот бил, "Stay with Me", со кој што постигнал меѓународен успех достигнувајќи до првото место на британската и второто место на американската музичка листа Billboard Hot 100. Четвртиот сингл, "I'm Not the Only One", достигнал во првите 5 на двете земји, додека петтиот сингл, "Like I Can", стигнал до деветото место на британската музичка листа.

Во декември 2014 бил номиниран за шест Гремија, и на нивното 57-мо доделување во февруари 2015 освоил четири; еден за најдобар нов изведувач додека синглот "Stay with Me" му донел Греми за рекорд на годината и песна на годината, а албумот In the Lonely Hour за најдобар поп вокален албум. На доделувањето на Британските музички награди 2015 добил награда за пробивен британски музички чин и за глобален успех. Во октомври 2015 ја објавил песната "Writing's on the Wall", песна која била користена во филмот Спектр; влегол во Гинисовата книга на рекорди кога песната станала прва од некој филм за Џејмс Бонд која се пласирала на првото место на британската музичка топ-листа. Во јануари 2016 песната исто така му донела Златен глобус за најдобра песна.

Рани години[уреди | уреди извор]

Роден е во Лондон, Англија. Татко му е Фредерик Смит, а мајка Кејт Касиди, по занимање брокер.[2][9] Сем бил член на театарот на Youth Music Theatre UK и настапувал во нивната адаптација "Oh! Carola".[10] Пред театарот, бил во разни џез бендови.[11] Ментор му била џез-пијанистката Џоана Иден која го учела да пее и да пишува песни.[12] Одел на училиште во Католичкото училиште Св. Марија во Бишоп'с Стротфорд (град во Источен Лондон).[13]

Музички стил[уреди | уреди извор]

Смит ги наведува Адел и Ејми Вајнхаус како две главни лисчности кој влијаеле на неговото музичко создавање.[14][15] Во интервју за списанието Rolling Stone, ги навел Витни Хјустон и Мараја Кери како најдобри изведувачки на R&B.[16][17] Исто така навел дека на неговото музичко создавање влијаеле Кристина Агилера, Бијонсе и Лејди Гага. Исто така искоментирал на тоа што гласот често му се карактеризира како глас на дива велејќи:

"Тој [гласот] е таков затоа што само тоа [таква музика] слушав. До пред две години воопшто ни не слушав машки изведувачи само Витни Хјустон и Чака Кан. Пејачки со навистина силни глаови."[18]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Сем Смит.

Видеографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Режисер Ref.
2016. Writing's On The Wall N/D [19]

Турнеји[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Songwriter/Composer: Smith, Samuel Frederick". Broadcast Music, Inc. конс. 17. 5. 2014. 
  2. 2,0 2,1 Wilkinson, James. "Artist Biography". AllMusic.com. конс. 28. 5. 2014. 
  3. "Brits announce Critics' Choice 2014 shortlist". BBC. 5. 12. 2013. конс. 19. 12. 2013. 
  4. "Sound of 2014 Profile: Sam Smith". BBC. конс. 10. 1. 2014. 
  5. "Brits Critics' Choice Award 2014: Sam Smith announced as winner". The Telegraph. 12. 12. 2013. конс. 19. 12. 2013. 
  6. "BBC Sound of 2014: Sam Smith". BBC. 10. 1. 2014. конс. 10. 1. 2014. 
  7. "Sam Smith announces debut album In the Lonely Hour, shares tour dates". Fact. 16. 12. 2013. конс. 19. 12. 2013. 
  8. "'Money on My Mind' – EP by Sam Smith". iTunes (UK). конс. 19. 12. 2013. 
  9. Daily Telegraph reporter (3. 2. 2009). "Banker claims she was sacked for promoting son's pop career". Telegraph.co.uk. конс. 13. 2. 2015. 
  10. "Alumni Youth Music Theatre UK". 17. 12. 2013. 
  11. "Sam Smith: "Every day I think about how insane this is"". The Line Of Best Fit. 14. 2. 2014. конс. 24. 11. 2014. 
  12. "Sam Smith Opens up About Life and Love". The Fader. конс. 28. 5. 2014. 
  13. "Former Stortford schoolboy Sam Smith gears up for tonight's Brit awards". 19. 2. 2014. 
  14. ""I Look Up To Her" - Sam Smith On Being Inspired By Adele". конс. 12. 12. 2014. 
  15. "This Week's Fresh Music" (17. 5. 2014). 4Music. Пристапено 28. 7. 2015
  16. "Sam Smith Breaks Down 10 Great R&B Voices". Rolling Stone. конс. 21. 1. 2016. 
  17. "Sam Smith: 5 Fact Facts About The 2015 Grammy Winner". International Business Times. конс. 21. 1. 2016. 
  18. Savage, Mark (10. 1. 2014). "BBC Sound of 2014: Sam Smith". BBC News. конс. 19. 2. 2016. 
  19. "Sam Smith Singer is very emotional in Bond song video 'Writing's on the wall'". Pulse.com.gh. David Mawuli. конс. 3. 2. 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]