Прејди на содржината

Семејни вредности

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Семејните вредности се традиционални или културни вредности кои се однесуваат на семејната структура, функцијата, улогите, верувањата, ставовите и идеалите.

Во општествени науки, терминот „ традиционалното семејство “ се однесува на нуклеарното семејство - заедница во која се одгледува детето, составена од таткото хранител,мајката домаќинка и нивните биолошки деца; социолозите претходно го нарекуваа овој модел како норма.

Семејство кое отстапува од овој модел се смета за нетрадиционално. Меѓутоа, во повеќето култури најчест модел е поширокото семејство наместо нуклеарното, [1] и нуклеарното семејство стана најчестата форма во САД во 1960-тите и 1970-тите. [2]

Дефиниција

[уреди | уреди извор]

Неколку добро познати речници на интернет ги дефинираат „семејните вредности“ на следниве начини::

  • „моралните и етничките принципи традиционално се поддржуваат и се пренесуваат внатре во семејството,како што се чесноста, лојалноста, трудољубивоста и верата. [3]
  • „вредности од особено традиционален или конзервативен вид кои промовираат здраво функционирање на семејството и зајакнување на општеството“. [4]
  • „вредности кои традиционално се учат или зајакнуваат во семејството, како што се оние на високи морални стандарди и дисциплина“. [5]

Во политиката

[уреди | уреди извор]

Фамилијализмот е идеологија која го става семејството и семејните вредности како приоритет. [6] Фамилијализмот им дава приоритет на потребите на семејството пред потребите на поединците и се залага за систем на социјална пзаштита каде што семејствата, а не владата преземаат одговорност за грижата за своите членови. [6]

Во САД, конзервативците го користеа банерот на „семејните вредности“ во борбата против абортусот, правата на хомосексуалците и главните феминистички цели. [7]

Во културата

[уреди | уреди извор]

Саудиска култура

[уреди | уреди извор]

Толкувањата на исламските учења и арапската култура се заеднички за повеќето Саудијци. Исламот е движечката културна сила која го диктира потчинувањето на Божјата волја. [8]

Семејството на Саудиска Арабија вклучува проширени семејства, бидејќи поширокото семејство на човекот му обезбедува чувство на идентитет. Таткото често е хранител и заштитник на семејството, додека мајката е често домаќинка и примарен старател на децата. [9] Родителите се многу почитувани и децата силно се охрабруваат да ги почитуваат и да ги слушаат своите родители. [10] Семејствата често обезбедуваат грижа за постарите лица. До неодамна, домови за стари лица се сметаа за културно неприфатливи, затоа што се очекуваше семејството и пријателите да обезбедат грижа за старите лица. [9]

Културата на САД

[уреди | уреди извор]

Во социолошка смисла,нетрадиционалните семејства го сочинуваат мнозинството од американските домаќинства. [11] Од 2014 година, само 46% од децата во САД живеат во традиционално семејство, додека во 1980 година изнесуваше 61%. [12] Оваа бројка ги вклучува само семејствата со родители кои се во прв брак, додека процентот на деца кои едноставно живеат со двајца венчани родители е 65% од 2016 година.. [13] Сепак, многумина сметаат дека нуклеарното семејство е нишката што го држи општеството заедно [14] и работи на промовирање на семејните вредности.

  1. „Parenting Myths And Facts“. NPR.org (англиски). Посетено на 22. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. bebusinessed. „History of Nuclear Families |“. bebusinessed.com (англиски). Посетено на 22. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „the definition of family values“. www.dictionary.com (англиски). Посетено на 23. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Definition of FAMILY VALUES“. www.merriam-webster.com (англиски). Посетено на 23. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „family values | Definition of family values in US English by Oxford Dictionaries“. Oxford Dictionaries | English. Архивирано од изворникот на 25. 12. 2018. Посетено на 23. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. 6,0 6,1 Transformation of the intimate and the public in Asian modernity. Ochiai, Emiko, 1958-, Hosoya, Leo Aoi. Leiden, the Netherlands. ISBN 978-90-04-26435-9. OCLC 894299820.CS1-одржување: друго (link)
  7. {Dowland, Seth. Family values and the rise of the Christian right. Philadelphia. ISBN 9780812247602. OCLC 904335543.
  8. Mutair & Callister 1992
  9. 9,0 9,1 Luna 1989
  10. Ghazwi & Nock 1989
  11. Panasenko 2013
  12. „Fewer than half of U.S. kids today live in a 'traditional' family“. Pew Research Center (англиски). 2014. Посетено на 23. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  13. Bureau, US Census. „The Majority of Children Live With Two Parents, Census Bureau Reports“. The United States Census Bureau (англиски). Посетено на 23. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  14. „Marriage“. Bruderhof (англиски). Посетено на 23. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Transformation of the intimate and the public in Asian modernity. Ochiai, Emiko, 1958-, Hosoya, Leo Aoi. Leiden, the Netherlands. ISBN 978-90-04-26435-9. OCLC 894299820.CS1-одржување: друго (link) CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Ghazwi, F.; Nock, L. (1989). Religion as a mediating force in the effects of modernization on parent-child relations in Jordan. Middle Eastern Studies. стр. 363–369.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Luna, J. (1989). Transcultural nursing care of Arab Muslims. Journal of Transcultural Nursing. стр. 22–26.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Panasenko, N. (2013). Czech and Slovak Family Patterns and Family Values in Historical, Social and Cultural Context. Journal of Comparative Family Studies. стр. 79–98.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Khalaf, I; Callister, L. (1997). „=Cultural meanings of childbirth: Muslim women living in Jordan“. Journal of Holistic Nursing. 4 (15): 373–388. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Предлошка:Светоназор