Семето на љубовта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Семето на љубовта
Жанрдрама
теленовела
Создадена одХулио Хименес
УлогиАмпаро Гризалес
Габриел Порас
Мајкл Браун
Саби Камалих
Моника Дионе
Земја на потеклоСАД / Колумбија
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди141
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо / РТИ Колумбија
Првично прикажување2 јули 2007 – 28 јануари 2008
Хронологија
СледбеникВикторија (2008)
Надворешни врски
Мрежна страницаtv.telemundo.yahoo.com/madreluna/index.html

Семето на љубовта (шпански: Madre Luna) е американска / колумбиска теленовела снимана во САД и Колумбија, во 2007 година. Серијата во САД има огромен успех, а голем резултат е добрата глумечка екипа а и вечерниот термин на прикажување.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Оваа романтична мелодрама ја претставува Алехандра Агире, силна жена со неверојатно тело, која одгледува ориз во провинцијата на градот Кастељон и крие длабока, шокирачка тајна. Таа е 50 годишна жена со огромна страст, чувствителност и убавина. Тоа ја става на крстопат: дали да го избере Леонардо Цизнерос или неговиот син Анхел. И двајцата се заљубени во неа и се подготвени да ја имаат... Леонардо ја запалил страста во Алехандра порано, кој освен тоа со неа има две деца, Валентин и Деметрио. После неколку години неговото отсуство се појавува повторно и се раѓат чувствата, кои за неа мислеа дека се мртви. Тоа и го сменува животот тотално, принудувајќи да се потсети на минатото. Пред неколку години Леонардо ја запознал Алехандра за време на бизнис патувањето и двајцата се заљубуваат. Леонардо никогаш не и кажал дека бил женет за лошата и пресметливата Флавија, од која го имаат синот Анхел. Без да ја знае вистината, Алехандра дознава дека е бремена. Кога на крај дознава за измамата на Леонардо, таа заминува од него. Решава да молчи, за да не му го наруши семејството. Појавата на Алехандра буди страст во Леонардо. Едноставно се појавуваат и луѓе кои сакаат да ја уништат неа и децата. Тие опасни ѓаволи се Доња Тринидад Сапата, злобната мајка на Флавија и лошиот Тирсо Рејносо, кој управува со сопственоста на семејството Цизнерос, заедно со командант Венено, кој има група убијци, кои го носат името “Sierra Brigade”. Во тоа време младото поколение исто така се бори за љубовта, пријателството и остварувањето на соништата. Синот на Леонардо, Анхел се заљубува во Алехандра, без да знае ништо за забранетите тајни. И покрај огромната разлика во возраста, Анхел се обидува да ја присили. Тоа ја провоцира Алехандра, и ќе стори се да се заштити себе и децата. Другите синови на Леонардо се исто така возрасни со своите проблеми. Валентин работи во оризовата фарма, а Деметрио учи во колеџ. И двајцата се борат за љубовта на прекрасната внука на Флавија, Анабел Сандана.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Ампаро Гризалес Алехандра Агире
Габриел Порас Леонардо Цизнерос
Мајкл Браун Анхел Цизнерос
Саби Камалих Доња Тринидад Запата
Моника Дионе Флавиа Портилјо де Цизнерос
Арап Бетке Деметрио Агире
Ана Лусија Домингез Анабел Салдања

Семето на љубовта на Балканот[уреди | уреди извор]

Бугарија: бТВ
Србија: Фокс Телевизија
Босна и Херцеговина: Мрежа+

Надворешни врски[уреди | уреди извор]