Семето на светата смоква
„Семето на светата смоква“ (персиски: دانهی انجیر معابد) — филм на режисерот Мохамед Расулоф од 2024 година. Филмот освоил две награди на Канскиот фестивал, а бил номиниран и за „Оскар“. Расулоф бил обвинет за снимање на филмот без дозвола од надлежната власт, како и за снимање на филм во кој глумиците не носеле хиџаб. Неговите јавни изјави и неговата работа на филмот, судот ја оценил како „примери на соучесништво со намера да се направи злосторство против безбедноста на земјата“. Тој не можел да присуствува на светската премиера на филмот, одржана за време на Канскиот фестивал, затоа што бил осуден на затворска казна во траење од осум години, на камшикување, а исто така бил казнет и парично и му бил одземен имотот. Подоцна, тој бил принуден и да ја напушти татковината, а на сите клучни учесници во снимањето на филмот им било забрането да ја напуштат земјата затоа што биле под истрага.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Иман е истражен судија чие унапредување се поклопува со протестите во Техеран. Откако ќе исчезне неговиот пиштол, тој почнува да се сомнева во својата сопруга и во ќерките поради што им наметнува најстроги мерки кои ги нарушуваат односите во семејството.