Семеен заговор
„Семеен заговор“ (англиски: Family Plot) — американски филм од 1976 година во режија на Алфред Хичкок (неговиот последен филм). Главните улоги ги играат: Карен Блен, Брус Дерн и Барбара Харис.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Спиритистката Бланш Тајлер е ангажирана од остарената милионерка Јулија Рејнбирд, која верува дека е во допир со светот на духовите. По една сеанса, Бланш открива дека Јулија ја мачи минатото, зашто ја принудила својата немажена сестра Хариет да го даде своето вонбрачно дете на посвојување за да го избегне семејниот срам. Јулија ѝ ветува 10 000 долари на Бланш, ако го пронајде нејзиниот внук кој е наследник на нејзиното богатство. Бланш и нејзиното момче Џорџ Ламли, невработен глумец кој работи као таксист, започнуваат потрага по внукот на Јулија. Во меѓувреме, алчниот златар Артур Адамсон, заедно са својата девојка Френ, граба богати луѓе и бара дијаманти за да ги ослободи. Кога Џорџ заклучува дека Артур Адамсон би можел да биде наследникот на Јулија Рејнбирд, невнимателната Бланш запаѓа во неволја со грабнувачите...