Селски поглавица

Селски поглавица, селски поглавар, селски старешина, селски челник или селски началник ― водач на село, поселок или друг вид населено место кое е премногу мало за да има свој градоначалник.[1]
За разлика од позицијата градоначалник, која означува водач на општина со седиште во град, паланка или поразвиено село со сопствена вклучена власт, титулата селски поглавица може да биде чисто церемонијална или дури и целосно неслужбена, едноставно означувајќи поединец кој има значително политичко и општествено влијание во дадена област. Ова е особено случај во денешно време, бидејќи зголемената урбанизација и напредокот во општењето значат дека повеќето села веќе се предмет на некаков облик на локална самоуправа, а со тоа и потребата од месните старешини е намалена. Сепак, во некои земји, селските старешини продолжуваат да постојат како службена владина позиција аналогна на онаа на градоначалник, или барем како советодавна или претставничка улога што посредува помеѓу малите заедници и повисоките нивоа на власт.
Употреба
[уреди | уреди извор]Брунеј
[уреди | уреди извор]Во Брунеј, селскиот поглавица е нарекуван кетуа капмунг или кетуа кампонг на малајски јазик. Тоа е административна функција која ја води заедницата на селска административна единица, третата и најниска единица во земјата.
НР Кина
[уреди | уреди извор]Во Народна Република Кина, селски поглавица е месна самоуправа или племенска функција. Селскиот поглавица е лицето назначено да управува со област што често е едно село.
Должности и функции
[уреди | уреди извор]Селскиот поглавица има неколку службени должности во селото, а понекогаш е сметан за посредник во спорови и општ „средник“ на селските или поединечни проблеми.
Примери за поглаварство се забележани кај Зуните,[2] Кунгите и Мехинаките,[3] меѓу другите. Блиските племенски водачи признати или назначени од кинеските власти, биле познати како туси, иако можеле да командуваат со поголеми области од едно село.
Индонезија
[уреди | уреди извор]Селскиот поглавица во Индонезија е викан кепала деса.
Малезија
[уреди | уреди извор]Општо земено, во Малезија, селскиот поглавица се нарекува кетуа кампунг, освен во прамалајското село каде што позицијата била викана батин. Кетуа кампунг бил назначуван и потпомогнуван од одборот за управување со селската заедница. Во Саравак, главата на традиционалната долга куќа викана туаи рума.
Филипини
[уреди | уреди извор]Секое барангај (село) на Филипините е предводено од барангајски капетан.
Историска употреба
[уреди | уреди извор]Кина
[уреди | уреди извор]Во времето на Чјинг и раната републиканска ера, лицата со функцијата дибао биле службено назначени селски службеници, обично избрани од месната класа на земјопоседници и одговорни за користењето на земјиштето и границите во нивна јурисдикција.
Јапонија
[уреди | уреди извор]Во Јапонија од раздобјето Едо, селскиот старешина бил викан нануши (名主) и бил задолжен за собирање даноци, општа администрација на селото, управување со јавните природни ресурси (како што се планини, полиња, реки и океани) на селото, како и за преговори со територијалниот господар како претставник на селаните.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What does a Village Head do? (with picture)“. wiseGEEK. Посетено на 26 март 2026.
- ↑ Ruth Benedict. Patterns of Culture, New American Library, 1934
- ↑ Marvin Harris. Our Kind, Harper Perennial, 1989
- ↑ Hyakkajiten Maipedia 百科事典マイペディア. Heibonsha 平凡社. 1996. 庄屋. ISBN 978-4582096316.