Селска милиција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата каде што била донесена одлуката за формирање на селската милиција.

Македонска народна милиција попозната и како селска милиција била структура на подземната република на ТМОРО. Нејзината цел била во секое време да биде на готовс за да го одбрани селото за кое е задолжена од напад на помали разбојнички, пропагандни и слични вооружени групи и во случај на повик, да помогне на македонска револуционерна чета во битката и да ги извлече борците на четата од непријателот.

Идејата за формирање на вакво тело била претставена на Ресенското совестување како завршна одлука на предлогот за вооружување на обичниот народ за да може самостојно да се брани, особено од башибозукот и паравоените формации во селата. Овој орган на организацијата особено се активирал по Илинденското востание кога во Македонија навлегувале разни странски (бугарски, грчки, српски) чети.

Според структурата, селската милиција била под надлежност на селскиот револуционерен комитет кој одговарал пред околискиот комитет. Секоја селска милиција имала свој претпоставен кој бил назначуван од селскиот комитет а одговарал пред центалниот комитет на селскиот револуционерен комитет.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]