Селма Риза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Селма Риза
Selma riza.jpg
Роден(а) 5 февруари 1872
Починал(а) 5 октомври 1931(1931-10-05) (воз. 59 г.)
Истанбул, Турција
Националност турска
Установа Сорбона
Занимање новинарка, писателка
Организација Комитет за унија и прогрес
Турска црвена полумесечина
Познат(а) по прва турска новинарка

Селма Риза (турски: Selma Riza, 5 февруари 1872 – 5 октомври 1931) била првата турска новинарка. Таа исто така била една од првите новелисти на Турција. По нејзината смрт, нејзините роднини го презеле презимето Фераџели  (турски: Feraceli) па понекогаш е позната и како Селма Риза Фераџели.

Биографија[уреди | уреди извор]

Таа е родена на 5 февруари 1872. Нејзиниот татко бил Али Риза, дипломат на Отоманската Империја во Австро-Унгарија, а нејзината мајка се викала Наиле кој била потурчена Австријка.

По нејзиното образование кај приватни учители во Цариград, таа отпатувала за Париз, Франција во 1898 година за да се придружи на нејзиниот постар брат Ахмет Риза, кој бил член на Младотурското, движење.[1] Таа студирала на Универзитетот Сорбона во Париз, и била член на Комитетот за унија и прогрес (КУП). Селма Риза била единствената жена која активно членувала во оваа партија.

Во Париз, пишувала во два весници објавени од страна на КУП во Париз и тоа во Мечверет на француски и Шурај Химет на турски. Во 1908, Риза се вратила во Истанбул, каде што пишувала во два весници, "Весник за жени" (турски: Hanımlara Mahsus Gazete) и "Женски свет" (турски: Kadınlar Dünyası). Таа воедно била и генерален секретар на Турската црвена полумесечина помеѓу 1908-1913. Во текот на последните години од Отоманската империја, напорно работела за да ја трансформира палатата Адиле Султан, кралска палата во Истанбул, во женско училиште. Со помош на нејзиниот брат, успеала во намерата и палатата се користела како женска гимназија сè до 1986 година, кога делумно изгорела во пожар.[2]

Селма Риза починала на 5 октомври 1931 година.[3]

Во 1892, на 20 годишна возраст, напишала еден необјавен роман со наслов "Пријателство" (турски: Uhuvvet). Тоа бил објавен во 1999 година, долго после нејзината смрт, од страна на Министерството за култура на Република Турција.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]