Селечки манастир (Прилепско)
Изглед
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Св. Димитриј“ - Селце |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 1933 |
| Посветен на | Свети Димитриј |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | „Св. Димитриј“ „Св. Петка“ „Св. Илија“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | атар на село Селце, Прилеп, |
| Координати | 41°19′31″N 21°34′40″E / 41.32528°N 21.57778°E |
| Отворен за јавноста | да |
Селечки манастир — манастир кој се наоѓа во селото Селце. Самиот манастир е во непосредна близина и на градот Прилеп, поради што е често посетуван од страна на граѓаните на Прилеп, од каде што води асфалтен пат.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Изграден е во 1933 година и истата година е осветен од тогашниот битолски епископ Николај (Велимировиќ). Манастирот е сместен во шумско подрачје на планината Селечка, на неколку километри од градот Прилеп.
Денес во тек е градбата на новите конаци и новата камбанарија.[1]
Цркви
[уреди | уреди извор]Околу манастирот се наоѓаат и малите црквички „Св. Петка“ и „Св. Илија“. Воедно, покрај манастирот, како крст се распоредени и четири свети води: Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна Вода.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Мургоски, Љупчо (24 јануари 2016). „Божествен е погледот кон Прилеп од манастирот на Селечка“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 26 јануари 2016.[мртва врска]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||