Селевкија (тема)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тема Селевкија
Σελευκεία, θέμα Σελευκείας
Тема на Римската Империја
927/934–1070ти
1099/1100 – ок. 1180
Местоположба на Селевкија
Карта на Темата Селевкија во рамките на Римската Империја во 1000 година.
Главен град Исавриска Селевкија
Историски период Среден век
 -  Основана 927–934
 -  Освојување од Селџуцитете 1070ти
 -  Римско преосвојување 1099/1100
 -  Освојување од Ерменците. ок. 1180
Денес во  Турција

Тема Селевкија (грчки: θέμα Σελευκείας, тема Селеукиас) била римска тема (воено-цивилна провинција) на јужниот брег на Мала Азија (современа Турција), со седиште во Селевкија (современ Силифке).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Доцната антика, пристанишниот град Селевкија бил престолнина на римската провинција на Исаврија и седиште на исаврискиот (Isauriae) комес.[1] Во VIII век, таа служела како подредена команда, најпрво под тумарх, а потоа и под дронгар, на поморската тема на Кивериот.[2] Како и да е, во раниот IX век се појавува како мала клисура (зацврстена гранична команда), поставена меѓу поголемите римски теми Кивериот, Анадолија, Кападокија и морето, и граничејќи со поседите на Абасидскиот Калифат во Киликија долж реката Ламос.[2][3] Според арапските географи Кудамах ибн Џафар и Ибн Хордадбех, во IX век клисурата ја сочинувале Селевкија како главен град и уште десет тврдини, со 5.000 мажи, од кои 500 биле коњаници.

Клезурата била подигната до статус на целосна тема некаде во времето на Роман I Лекапин (вл. 920–944), најверојатно ок. 927–934.[2][3][4] Според „За управувањето на Империјата“(De Administrando Imperio) на императорот Константин VII (вл. 913–959), темата била поделена на две команди, една за внатрешни работи и крајбрежна/поморска.

Регионот падна во рацете на Турците-Селџуци по Битката кај Манцикерт во 1071 година. Во тоа време, планинската внатрешност на регионот била претежно населена со Ерменци кои се населиле таму во текот на претходниот век.[2] Римјаните ја повратиле областа и ги преутврдиле Селевкија и Корикос во 1099/1100 година, по што станала повторно седиштето на римскиот воен управник (дукс). Таа останала римска провинција сè до кратко после 1180 година, кога била освоена од Ерменското Кралство Киликија.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Foss 1991.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Hild & Hellenkemper 1990.
  3. 3,0 3,1 Pertusi 1952.
  4. Oikonomides 1972.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Предлошка:ODB
  • Предлошка:Tabula Imperii Byzantini
  • Oikonomides, Nicolas (1972). Les Listes de Préséance Byzantines des IXe et Xe Siècles (француски). Paris, France: Editions du Centre National de la Recherche Scientifique.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus (италијански). Рим, италија: Biblioteca Apostolica Vaticana.CS1-одржување: ref=harv (link)