Сексот и градот 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Sex and the City 2“
Режисер Мајкл Патрик Кинг
Продуцент Мајкл Патрик Кинг
Сара Џесика Паркер
Darren Star
John Melfi
Настапуваат Сара Џесика Паркер
Ким Катрал
Кирстен Дејвис
Синтија Никсон
Музика Арон Зигман
Кинематографија Џон Томас
Монтажа Миајкл Беренбаум
Студио New Line Cinema
HBO Films
Village Roadshow Pictures
Дистрибутер Warner Bros. Pictures
Премиерамај 27 2010 (2010-05-27)
Времетраење 146 minutes
Држава САД
Јазик Англиски јазик
Буџет $95 million[1][2]
Бруто заработка $305,153,249[2]

Сексот и градот 2 (англиски: Sex and the City 2) е американски филм (романтична комедија) од 2010 година, продолжение на првиот дел „Сексот и градот“ од 2008 година, снимен според истоимената серија во производство на телевизискиот канал „ХБО“. Коавтор, продуцент и режисер на филмот е Мајкл Патрик Кинг. Филмот за прв пат бил прикажан во киносалите во САД на 27 мај 2010 година, а на 28 мај во Обединетото Кралство. ДВД изданието во Обединетото Кралство било пуштено во продажба на 28 ноември 2010 година. Во филмот играат: Сара Џесика Паркер, Ким Катрал, Кристин Дејвис, Синтија Никсон и Крис Нот. Кратко појавување во филмот имаат и Лајза Минели, Мајли Сајрус, Тим Ган, Рон Вајт, Омид Џалили и Пенелопе Круз, како познатите актери на Бродвеј, Норм Луис, Кели О' Хара и Рајан Силвермен.

Дејствие[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со средбата на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда која всушност е потсетување на Кери и враќање во времето кога таа за прв пат дошла во Њујорк во 1988 г,. потоа во 1987 се запознала со Шарлот, во 1988 со Миранда и во 1989 г. со Саманта.

Сите од нив се мажени освен Саманта која има 52 години и прима хормонски терапии за да го одржи нејзиниот сексуален нагон а во меѓувреме влегува во менопауза. Четирите пријателки се наоѓаат на свадбата на Стенфорд, каде Кери е „кум“. Миранда дава отказ на работа бидејќи новиот раководител не ја почитува. Двете деца на Шарлот се напорни а таа е загрижена дека на Хари му се допаѓа новата згодна ирска дадилка на децата, Ерин. Бракот на Кери и Ѕверката е посталожен и покрај нивните различни замисли како да го поминуваат слободното време. За годишнината од бракот Кери му подарува стар ролекс рачен часовник на кој има изгравирано романтична порака, а на нејзина вчудовиденост, Ѕверката купува нов телевизор што го сместил во спалната соба за да можат да гледаат стари филмови заедно, нешто во кое уживаа во хотелската соба по свадбата на Стенфорд. Кери останува разочарана бидејќи се надеваше дека ќе добие накит.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fritz, Ben. „Movie Projector: 'Sex and the City' ladies to rule over 'Prince of Persia'“, „Los Angeles Times“, Tribune Company, 27 мај 2010 (посет. 27 мај 2010 г). „Warner's New Line Cinema unit co-financed "Sex and the City 2" with partner Village Roadshow Pictures for about $95 million.“
  2. 2,0 2,1 Sex and the City 2