Секој со своето езеро
Секој со своето езеро е збирка раскази од македонскиот писател Ненад Јолдески. Збирката е објавена во 2012 година во издание на „Темплум“, како 104 книга во рамките на едицијата „Магма“.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Збирката е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 93 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-13-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Рене Магрит, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата, куса биографија на авторот и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“. Објавувањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката „Секој со своето езеро“ содржи 14 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е даден попис на објавените книги од едицијата „Магма“. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Дрвја со крошни под земја
- Каде си поету?
- Магла
- Неплатени хотелски сметки
- Патувања
- Спирала
- Куќа
- Николај и мастилавото езеро
- Кај најде баш сливата, Господи!
- Оган
- Татко ми, часовникот и краткиот расказ
- Мајка ми, поплавата и краткиот расказ
- Мостот, магичната труба и големиот бел галеб
- Вода
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Во април 2016 година, книгата „Секој со своето езеро“ ја добила наградата на Европската Унија за литература.[2]
Критички осврт кон делото
[уреди | уреди извор]Роберт Алаѓозовски ја оценува книгата како нагласено артистична, со метафорична и немиметична реторика. Повеќето од расказите би можеле да се оценат како лирска проза отколку раскази. Тие повеќе зборуваат за состојби и за чувства отколку што конструираат свет во кој нешто се случува. Според него, деловите што ја прават збирката вредна и привлечна се: лиричноста, натрупаната симболика, редуцираниот исказ и дискретниот револт кон денешните состојби. Во тој поглед, прозата на Јолдески делува малку анахроно, но тоа е симпатично.[2]