Секељ капија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Секељ капија

Секељ капија (унг.: Székelykapu) е капија направена целата од дрво, и освен од практични причини да ја штити куќата, служи и за естетска и традиционално верска намена. Задолжително е украсена со орнаменти, гравури а исто така содржи и натписи кои обично имаат некоја порака, име на сопственикот на куќата, кој и кога ја подигнал капијата, и на кој или на што ја посветил. Натписите во поново време најчесто се на унгарска латиница, а поретко се користи ровашкото писмо, кое повеќе било во употреба до средината на 19 век.

Секељ капија се состои од столбови (zábék), голема капија (Nagykapu), мала капија (kiskapu) и горен покривен дел (búg).

Подеба на капиите[уреди | уреди извор]

Капиите се делат на:

  • Капии каде просторот над малата капија е пополнет со дрвена плоча на која обично се ставааат релјефни украси или грб во зависност од статусната позиција на домаќинот.
  • Капии каде над малата капија просторот е исполнет со кружни отвори и каде украсот е од кожа, платно, кожни ленти или во стари времиња рогови од животни.
  • Капии со укрстени летви
  • Капии кои се украсени со мотиви слични како и на традиционалниот секељ мебел.

Украсување и орнаментика[уреди | уреди извор]

Во средниот век капиите не се бојадисувале посебно, но имало и боени за да се заштити дрвото. Во 18 век почнало да се обновува, да се развива боењето на украсна орнаментика. Орнаменти во форма на цвет кој „лази “ низ капијата бил најчесто со темно црвена боја, цветовите со плава или зелена боја со бели точки, а рузмарините секогаш биле зелени. За боење се користеле само четири бои, а тоа се црвена, зелена, бела, а понекогаш сина боја. Обично, столбовите, носачите на капиите, не биле резбарени на дното, но веќе малку над земјата почнува резбаријата со орнаментални плетенки во форма на листови кои се повторуваат. Помеѓу листовите се вметнуваат орнаментални украси (kacsok) во форма на некој цвет, (лале, роза, и друго) или ѕвезда.

На горниот дел капиите обично се резбарени со посебен разгранет украс чија основа е палмин лист. Помеѓу гредите се прави простор како рамка, за да се редат еден над друг цвеќе, ѕвезда, роза, круна, свеќа, крст, пехар или птица. Телото на малата и големата капија не се резбарат и не се украсуваат.

Орнаментиката на секељ капијата влече корени од кинеската традиција и традицијата на народите од внатрешните делови на Азија. Тоа особено се изразува низ орнаментиката која се става на гредите. Овие орнаментални детали имаат за подлога змеј или подобро кажано детали како што се змејски очи или змејски грпки, змејски нокти и така натаму. Овој вид на капија и украсување не се наоѓа никаде од Кина, па до Карпатите. Формата на капиите, формата на столбовите, стилскиот завршеток, формата на покривниот дел од капијата и украсната змејолика орнаментика на врвот, даваат можност на поврзувања на културата на Секељите со културите на народите од Средна Азија. А исто така и сончевите симболи на столбовите укажуваат на тоа.

Традицијата на змејот во културата на Секељите се одржала претежно во народните умотворби и во орнаментиката, па како чувар на куќата се ставал на капиите како мотив. Со доаѓањето на христијанството, тоа по малку исчезнувало како главен мотив на орнаментиката, па тоа место било зафатено со мотиви од христијанството, најмногу е застапен натпис кој се протега по должината на целата капија, и обично е од религиозен карактер, а тука е секако и крстот и уште некои мотиви.

Историја[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на секељ капијата се поклопува со историските движења на Хуните, така што се претпоставува дека Хуните ја донеле традицијата на градење на овие капии со себе, и ја оставиле на своите наследници во наследство.

Прискос ретор (Priszkosz rhétor) римски историчар ги оставил овие записи за Хуните: „Куќата на Атила е од сите куќи посјајна и пораскошна. Оваа куќа е направена од греди и фино обработено дрво, и оградена е од сите страни, но не поради заштита, туку поради украс... Дворот на Атила е заштитен со голема украсна капија чии страни се отвораат кон внатре.“

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]