Џиновска секвоја

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Секвојадендрон)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Sequoiadendron giganteum
Grizzly Giant Mariposa Grove.jpg
Дрвото "Гризли џин" ("Grizzly Giant") во Марипоса Гроув, национален парк Јосемити
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Иглолисни
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Чемпреси
Род: Sequoiadendron
Вид: С. гигантеум
Биномен назив
Sequoiadendron giganteum
Линдл.
Sequoiadendron giganteum

Џиновската секвоја (лат.: Sequoiadendron giganteum) е единствениот вид во родот Секвојадендрон (Sequoiadendron), и еден од трите видови на четинарски дрва познати како секвои класифицирани во фамилијата Чемпреси (Cupressaceae) во подфамилијата Sequoioideae, заедно со Sequoia sempervirens (обичната секвоја) и Metasequoia glyptostroboides (метасеквојата).

Џиновската секвоја е позната и под имињата Секвојадендрон (по родот) и Велингтонија. Џиновската секвоја уште е позната како и црвено дрво коешто се наоѓа во областите на Северна Калифорнија . Џиновската секвоја е најголемиот жив организам на планетата коешто живее околу 4900 години , а расте просечно 120 метри и е широка 11 метри. Во времето на диносаурусите имало разни врсти на секвоја , но со катаклизмата на диносаурусите пред 65 милиони години опстојале да живеат само две врсти на џиновска секвоја .