Сеид Мемиќ Вајта
Сеид Мемиќ, познат по неговото уметничко име Вајта, (роден на 8 март 1950 година, во Травник, Босна и Херцеговина) е босански пеач и вокал на југословенската рок група „Тешка индустрија“.
Во 1973 година, Вајта се преселил во Сараево и тогаш тој сериозно ја започнал неговата музичка кариера. Од 1975 до 1976 година тој бил вокал на Тешка индустрија, кои имале голем комерцијален успех низ балканските земји, но подоцна се разрушила групата.
Сепак, Вајта ја напуштил групата за да започне кариера како поп пејач. Во годините од 1979-1985 година, албумите „Златна рипка“, „Вајта 2 поноќни валцер“, „Теби пјевам“ и „Кад булбули пјевај“ го донеле до врвовите на неговата популарноста низ поранешна Југославија и го направило познато неговото име.
Тој станал меѓународно познат на Изборот за песна на Евровизија во 1981 година на кој тој ја претставувал Југославија. Вајта го освоил 15-тото место за Југославија со песната „Лејла“, која станала хит и сè уште е хит низ балканските земји.
Тој бил домаќин на детската програма Неделен забавник во 1980-ти години.
Со избувнувањето на босанската војна, Вајта се преселил во Германија, и се населил во Хамбург, каде што живее и ден денес.
Во почетокот на 2007 година, групата „Тешка индустрија“ повторно се обединила и објавила нов албум.
Во 2009 година, Вајта повторно станал популарен со учеството во хрватското реално ТВ шоу Фарма, од каде што бил избркан во 6-тиот дуел на 10 април.