Сеехин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Старото градско јадро на Сеехин и црквата „Св. Марија Магдалена“

Сеехин (шпански: Cehegín) — град и општина во Шпанија. Се наоѓа во шпанската покраина и автономна заедница Мурсија, оддалечен околу 66 km од градот Мурсија. Градот има приближно 16,248 жители. [1]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Оваа област традиционално претставува значаен ресурс на мермер, особено црвен мермер, кој се извезува дури и во Јапонија и Аргентина. Земјоделството е исто така значајна гранка, а најмногу се одгледуваат кајсии и праски на наводнувано земјиште и маслинки, бадеми и лоза на посуво земјиште. Во последните години е забележано зголемување на одгледувањето на цвеќиња. Голем број од локалните производи се користат за овошни сокови. Локалните претпријатија вбројуваат адвокатски канцеларии, пекари и градежништво. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]