Седмо небо (ресторан)
Изглед
„Седмо небо“ e ресторан кој се наоѓа во ТВ кулата Останкино во Москва, Русија. Тој бил највисокиот ресторан во светот од 1967 до 1975 година. Сега е трет највисок ресторан, по Кантоновата кула и кулата ЦН, и осми највисок ресторан во светот.
Рестора
нот се состои од три сали: „Бронзена“, „Сребрена“ и „Златна“ и зафаќа три одделни ката на надморска височина од 328–334 м над земјата. Вкупната површина на салите е 600м, а ширината на секоја од трите сали е 2.5 метри. [1]
Ресторанот бил и сè уште е многу популарна туристичка атракција во Москва. Максималниот капацитет на секоја од салите е до 80 лица. Задолжително треба да се резервира за посета. [2] Во периодот од 1967 и 1997 година, ресторанот го посетиле над 10 милиони луѓе.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Реконструкция Останкинской телебашни: Что станет с "Седьмым небом"? // KP.RU“ (руски). Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2013-05-22.
- ↑ „Башня замедленного действия — Свежий номер газеты "Московский Комсомолец" — МК“ (руски). Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2013-05-22.