Седмиот континент (филм од 1989)
Изглед
„Седмиот континент“ (германски: Der siebente Kontinent) — австриски филм од 1989 година во режија на Михаел Ханеке, кој е автор и на сценариото, заедно со Јохана Тајхт (Johanna Teicht). Главните улоги ги играат: Биргит Дол (Birgit Doll), Дитер Бернер (Dieter Berner), Лени Танцер (Leni Tanzer), Удо Замел (Udo Samel), Силвија Франц (Silvia Fenz) и Роберт Дитл (Robert Dietl).
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во филм е даден приказ на животот на Георг, неговата сопруга Ане и на ќерката Ева во текот на три години. Георг има успешна кариера и брзо напредува во работата, додека ќерката Ева понекогаш прави ситни проблеми во училиштето. Во филмот се зборува за цената на конформизмот, неможноста за размислување на подолг рок и за соочувањето со последиците од своите одлуки...[1]