Сединзе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сединзе
Seddinsee
Сединзе од каналот Одра-Шпре
ПодрачјеБерлин, Германија
Координати52°23′15″ N; 13°40′45″ E / 52.387597° СГШ; 13.679266° ИГД / 52.387597; 13.679266Координати: 52°23′15″ N; 13°40′45″ E / 52.387597° СГШ; 13.679266° ИГД / 52.387597; 13.679266
Видезеро
Најг. должина2,9 км
Најг. ширина1000 км
Карта на водните површини на југоисточен Берлин, со езерото Сединзе средишно-десно

Сединзе или Сединско Езеро ― езеро во југоисточната периферија на Берлин, главниот град на Германија. Езерото се протега од југозапад кон североисток, со неговиот југозападен крај во непосредна близина на берлинското предградие Шмеквиц. Тука Сединзе се среќава со Цојтенското и Лангеското Езеро, две езера што се дел од текот на реката Даме.

Сединзе е пловно. Има должина од околу 2.9 км и ширина помеѓу 500 и 1000 м. Неколку мали острови се наоѓаат во езерото. Покрај природната поврзаност со реката Даме, каналот Одра-Шпре влегува во езерото на нејзиниот источен брег, додека каналот Госен го поврзува северниот крај на езерото со Дамерицзе (Дамерицко Езеро). Покрај значителената можност за разгледување и разонода на сообраќајот, езерото создава врски и со неколку трговски патишта за навигација, вклучувајќи ја и рутата од Берлин до Полска преку реката Даме и каналот Одра-Шпре.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany. St Ives, Cambridgeshire: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 113–122. ISBN 0-85288-283-1.