Седеш (општина)
Општина Седеш Δήμος Θέρμης | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 36 276 (2001) |
Седиште: | Седеш |
Нас. места: | 16 |
Пошт. бр.: | 570 01 |
Пов. бр.: | 2310-41 |
Портал: | dimosthermis.gr |
Седеш (грчки: Δήμος Θέρμης, Димос Термис) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е градот Седеш. Општината опфаќа 16 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Седеш е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Седеш (Терми), Микра и Царево Село (Василика) по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Микра[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Микра (Δήμος Μίκρας) со седиште во Замбат има 10 427 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Адали
- село Адали (Κάτω Σχολάρι, Като Схолари) (1639 жители)
- Општински оддел Замбат (3581 жител)
- Општински оддел Караџоханли
- село Караџоханли (Καρδιά, Кардија) (1437 жители)
- Општински оддел Узун Али
- село Узун Али (Πλαγιάρι, Плајари) (3770 жители)
Општинска единица Седеш[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Седеш има 16 546 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Загрџа
- град Загрџа или Загарџа (Ταγαράδες, Тагарадес) (7333 жители)
- Општински оддел Маџарлак
- село Маџарлак (Νέα Ραιδεστός, Неја Редестос) (1922 жители)
- Општински оддел Прнар
- село Прнар (Νέο Ρύσιο, Нео Рисио) (2341 жител)
Општинска единица Царево Село[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Царево Село (Δήμος Βασιλικών) со седиште во Царево Село има 9 303 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Царево Село
- село Царево Село (Βασιλικά, Василика) (4 263 жители)
- село Турханли (Λακκιά, Лакија)
- Општински оддел Доганџи (1 195 жители)
- Општински оддел Ливади
- село Ливади (Λιβάδι) (751 жител)
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (1 226 жители)
- Општински оддел Перистера
- село Перистера (Περιστερά) (1 021 жител)
- Општински оддел Сурокли
- село Сурокли (Σουρωτή) (947 жители)
Поранешни села[уреди | уреди извор]
На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Гедикли (Κάτω Περιστερά, Като Перистера).
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|