Седеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Седеш
Θέρμη
Војници на Антантата во Седеш
Војници на Антантата во Седеш
Седеш is located in Грција
Седеш
Седеш
Координати: 40°32.86′N 23°01.21′E / 40.54767° СГШ; 23.02017° ИГД / 40.54767; 23.02017Координати: 40°32.86′N 23°01.21′E / 40.54767° СГШ; 23.02017° ИГД / 40.54767; 23.02017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаСедеш
Општ. единицаСедеш
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Заедница
 • Население16004
 • Површина (км2)23
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Седеш или Седес (грчки: Θέρμη, до 1926 г. Σέδες, Седес[2]) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес административен центар на општината Седеш на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 16.004 жители (2011). Сè до Првата светска војна било населено исклучиво со македонско население.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, 5 км југоисточно от Солун. Западниот дел на градот излегува на Солунскиот Залив. Лежи на надморска височина од 65 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Древномакедонска златна дијадема од Седеш, 320-300 п.н.е., денес во Археолошкиот музеј во Солун.
Куќи во Седеш за време на Првата светска војна

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Седеш бил чифлиг во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Седице (Seditze) имало 35 домаќинства со вкупно 160 жители Македонци.[4][5]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Седеш имал 200 жители, сите Македонци[4] христијани.[6] Секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) наведува дека во 1905 г. в Седеш (Sedés) имало 135 жители од грчка народност,[7] што речиси сигурно е грешка.

Припојување кон Грција и доселување на Грци[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Седеш е припоен кон грчката држава, кога имал 191 жител.[3] Потоа следувало постепено населување на грчки доселеници од Бугарија и Турција. Првите доселеници (60 семејства) се доведени уште во 1914 г. од Мандрица и Източна Тракия (Турио, Ќупли, Фенер и Цариград). Во 1924-25 г. пристигнале 73 семејства од Станимачко (претежно од Горен Воден), а во 1926 г. се доведени 64 семејства од Понд, 27 семејства от западна Мала Азија, 20 од Тракија и 4 од Кавказот. Со тоа, во 1930 г. населението се зголемило 526 жители[3] и населбата добила прилично мешан карактер, при што Македонците станале малцинство во сопственото село. По 1920 г. дошле и неколку семејства Власи и Каракачани.

Во 1926 г. Седеш е преименуван во Терми. Во 1928 г. селото е заведено како мешана населба со вкупно 1.156 жители, од кои дури 763 (181 семејства) биле дојденци.[8]

Доградби и припојување[уреди | уреди извор]

По Граѓанската војна 2 км југоисток од старата населба почнала да се гради нова наслелба, која го добила старото име Седеш (старата претходно била преименувана во Терми). Во неа е преместено дел од населението на старта населба, така што во 1961 г. се заведени 1.034 жители, а во 1971 г. нивниот број опаднал на 828.[9] Ова се должи на созавањето на населбата 21 Април (Икости Проти Априлиу), наречена во чест државниот удар на воената хунта, која добила статус на посебно место, со 493 жители. Почнувајќи од пописот во 1981 г. двете населби почнале да се бројат заедно. По соборувањето на хунтата, местото е припоено кон (новосоздадениот) Седеш/Седес, па така во 1981 г. населбата 21 Април, стариот и новиот Седеш се бројат заедно.[10]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 3033 3038 1750 1909 3430 5156 11360 16004
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градот припаѓа на општинската единица Седеш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Седеш, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Седеш, каде спаѓа и селото Кајачали.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Основно занимање на населението е земјоделството. Главни производи се житото, грозјето и тутунот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σέδες -- Θέρμη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 340. 
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 141.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 220-221.
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 321. 
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 340-341.