Североисточен гренландски национален парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Североисточен гренландски национален парк
МСЗП Категорија II (национален парк)
Northeast Greenland National Park in Greenland 2018.svg
Место Гренланд
Координати76°N 30°W / 76° СГШ; 30° ЗГД / 76; -30Координати: 76°N 30°W / 76° СГШ; 30° ЗГД / 76; -30
Површина972,000 km2 (375,000 ми)
Воспоставен(а)21 мај 1974

Североисточниот гренландски национален парк (гренландски: Kalaallit Nunaanni nuna eqqissisimatitaq) е најголемиот национален парк во Гренланд и светот, како и најсеверен национален парк. Националниот парк е најголема заштитена област во светот.[1] Паркот е основан во 1974 година, а својата сегашна територија е од 1988 година, и покрива 972,001 km2 (375,000 ми).[2] Паркот се наоѓа во средишниот и североисточниот дел на Гренланд и е поголем од 29 држави во светот. Тој е единствен парк во Гренланд.

Географија[уреди | уреди извор]

Националниот парк на југ се граничи со општината Сермерсок, а на запад со општината Касуитсуп. Средишниот дел на националниот парк е всушност Гренландската ледена покривка, а покрај брегот има поголеми делови без мраз. Регионот е погоден од загуба на мраз од поголеми размери одошто очекуваното.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Националниот парк нема постојано население. Во 1986 година бројот на постојани жители на паркот бил 40, кои живееле во Местерсвиг. Покрај тоа имало уште 400 локации каде имало население за време на летниот период. Овие 40 жители биле екипаж кои биле задолжени за чистење и одржување при операционите рударски ископи но набрзо го напуштиле местото. Од тогаш до денес целиот регион нема население. Во скоро време забележани се само 31 човек и 110 кучиња за време на зимата (и летото) во североисточен Гренланд, распоредени низ станиците:[4][5]

Преку лето на овој персонал се придружуваат и научници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The National Park". Greenland.com. конс. 2013-06-18. 
  2. Statistics Greenland, Greenland in Figures, 2009
  3. Ramskov, Jens. "Climate models underestimate the melting of the ice cap " In English Ingeniøren, 26 December 2014. Accessed: 26 December 2014.
  4. "The Sirius Sledge Patrol". Destination EastGreenland. конс. 2008-10-03. 
  5. NOAA Research

Надворешни врски[уреди | уреди извор]